Напорно е постојано да се бришат замаглените прозорци во автомобилот во зима, особено додека човекот вози. Познати Јутјубери откриваат како на едноствен начин да го решите проблемот – замаглување на стаклата во автомобилот. Повеќето од нив во своите видеа ги покажуваат своите експерименти за спречување на оваа појава. Тие на прозорците ставаат најпрвин фабрички произведено средство за спречување замаглување, компир, масло за бебе, гел за раце, пена за бричење и што уште не.
Како што покажуваат овие експерименти, единствено ефикасно комерцијално средство е пената за бричење. Се што треба да направите е да ги премачкате стаклата со пената за бричење, а потоа добро да ги избришете со хартија. Ќе бидете изненадени од резултатите. Истото може да се направи и во бањата.
Има уште еден трик. Во кеса заврзете малку песок за мачки и оставете ја да виси во автомобилот. Оваа песок ја впива влагата од воздхот.