Кога Том Круз ќе се изнервира на сет: Се дере и пцуе по вработените, па тие си дале отказ (видео)

Се појави аудио и видео снимка на која Том Круз им вика и пцуе по вработените на сетот на Mission Impossible бидејќи не почитувале мерки за дистанцирање, Џорџ Клуни застана во негова одбрана, но на крај дури петмина од екипата си дале отказ поради тензијата.

tom-kruz-gi-pcue-vrabotenite-koi-ne-pochituvale-merki-na-snimanje-dzhordzh-kluni-go-poddrzhuva-a-petmina-si-dale-otkaz-video-.jpg

Деновиве се појави аудиоснимка направена на сетот на Mission Impossible, на која се слуша како Том Круз им вика на членовите од филмската екипа. Снимката најпрво ја објави The Sun и на неа дефинитивно се слуша актерот.

Том се разгневил бидејќи дел од членовите не го почитувале социјалното дистанцирање на сетот – наводно, стоеле премногу блиску еден до друг додека гледале нешто на компјутер.

На снимката се слуша како им се заканува дека ќе добијат отказ ако уште еднаш направат нешто такво. Актерот вика цели три минути, притоа користејќи многу пцости.

tom-kruz-gi-pcue-vrabotenite-koi-ne-pochituvale-merki-na-snimanje-dzhordzh-kluni-go-poddrzhuva-a-petmina-si-dale-otkaz-video-02.jpg

„Ако уште еднаш видам нешто такво ќе си одите одовде. Ние сме златен стандард. Моментално во Холивуд се прават филмови поради нас. Бидејќи веруваат во нас и во она што го правиме.

Секоја вечер зборувам по телефон со секое студио, осигурителни компании, продуценти, и тие се надеваат на нас, нè користат нас за да прават филмови. Ние создаваме илјадници работни места. Не сакам уште еднаш да го видам тоа!“

Потоа актерот зборува малку посмирено, но се познава дека е уште гневен и им објаснува на сите дека тие имаат одговорност и дека од нивното однесување зависи дали ќе продолжи снимањето. Том нагласува и дека ако не ги почитуваат правилата, ќе бидат одговорни за тоа што многу луѓе ќе останат без работа.

Актерот беше критикуван за овој однос со неговите вработени, но не бидејќи не е во право, туку поради неговиот пристап.

Во меѓувреме се огласи и неговиот колега Џорџ Клуни, кој изјави дека целосно го разбира и го поддржува:

„Не претера, бидејќи тоа е сериозен проблем. Јас не би отишол толку далеку како него.

Кога сте во позиција на моќ може да биде комплицирано, зарем не? Имате одговорност за сите и Том е потполно во право за тоа.

И, знаете, ако прекине снимањето, многу луѓе ќе ги изгубат работните места. Луѓето мораат да го разберат тоа и да бидат одговорни. Единствено, не е мој стил да реагирам така“, изјави актерот во емисија на Хауард Стерн.

tom-kruz-gi-pcue-vrabotenite-koi-ne-pochituvale-merki-na-snimanje-dzhordzh-kluni-go-poddrzhuva-a-petmina-si-dale-otkaz-video-06.jpg

Не е точно познато кога е направена аудиоснимката, но наводно, после овој настан имало уште еден сличен. Том Круз уште еднаш им се развикал на сите и, според изворите, овојпат петмина од филмската екипа си дале отказ.

tom-kruz-gi-pcue-vrabotenite-koi-ne-pochituvale-merki-na-snimanje-dzhordzh-kluni-go-poddrzhuva-a-petmina-si-dale-otkaz-video-03.jpg

Според изворите на светските медиуми, откако се објавила снимката, атмосферата на сетот станала уште понапната:

„Тензијата си расте со месеци, а ова беше последната капка. Откако снимката стана јавна, на сетот има повеќе гнев и неколку луѓе си дадоа отказ.

Но, Том не може да го поднесе нивното неодговорно однесување откако даде сè од себе за да продолжи снимањето. Тој е разочаран што другите не се исто сериозни колку него“.

tom-kruz-gi-pcue-vrabotenite-koi-ne-pochituvale-merki-na-snimanje-dzhordzh-kluni-go-poddrzhuva-a-petmina-si-dale-otkaz-video-05.jpg

Седмото продолжение на франшизата Mission Impossible се снима среде пандемија и еднаш беше одложено.

Голем дел од сцените требало да се снимаат во Италија, во периодот кога таа беше најпогодена од пандемијата, па мораа да чекаат да се смири ситуацијата.

Подоцна се појавија гласини дека некои од статистите добиле позитивни тестови за ковид, што предизвикало уште едно одложување.

tom-kruz-gi-pcue-vrabotenite-koi-ne-pochituvale-merki-na-snimanje-dzhordzh-kluni-go-poddrzhuva-a-petmina-si-dale-otkaz-video-04.jpg

Том Круз е продуцент на проектот и наводно одвоил околу 700.000 долари за да плати брод кој ќе го користат како транспорт за време на снимањето и на кој ќе можат да се изолираат кога се во друга држава.

Премиерата на Mission Impossible 7 е закажана за 19 ноември следната година.

tom-kruz-gi-pcue-vrabotenite-koi-ne-pochituvale-merki-na-snimanje-dzhordzh-kluni-go-poddrzhuva-a-petmina-si-dale-otkaz-video-08.jpg

Покрај снимката што ја објави The Sun, на YouTube беше објавено уште едно видео со истото аудио, но на кое можете да погледнете и како се одвивало снимањето.

You might also like
Menu