Напишете со вашите деца писмо до Дедо Мраз

Во услови кога социјалните движења се ограничени, па дури и на празникот кога во минатото имаше најмногу слави – Свети Никола, еве инспирација : пишување писмо до омилениот старец Дедо Мраз, чиј лик, како што знаете се поврзува со името и делото токму на Светиот Николај (популарно преведен како Ник)

И еве ги одговорите на прашањата со кои веднаш ќе се соочите. Кога децата бараат помош за пишување на писмото , особено до Дедо Мраз знаеме дека не им треба совет за содржината, бидејќи тие точно знаат што да посакаат, туку прашуваат други детали за неговиот живот,  адресата на Дедо Мраз и дали тој ќе го добие нивното писмо. Ова се одговорите на некои од нивните прашања

Не е некоја тајна дека Дедо Мраз живее на Северниот пол, во Лапонија, поточно во градот Рованиеми, а неговата работилница и канцеларија работат секој ден во годината.а ова е неговата адреса во случај да сакате да му испратите писмо или да го посетите лично.

Santa Claus
Santa Claus’ Main Post Office
Tähtikuja 1
96930 Arctic Circle
Finland

За време на празниците, Дедо Мраз добива околу 30.000 писма секој ден! Неговите помошници се доста зафатени со сортирање и подготвување на писмата. Тој добива писма со секаква форма и големина и на сите јазици, а ги чита во неговата канцеларија. Дедо Мраз добива писма од дечиња, возрасни, фамилии, училишта, фирми, политичари и познати личности. Неговите најомилени писма се чуваат во Националниот архив на Финска.

Слични Вести
Menu