Oд средства за чистење оставени на видик до празни шишенца од шампони и купки, што го уништува изгледот на вашиот тоалет?

Во многу домови се случува во тоалетот да се натрупаат работи кои се собирале во текот на годините.
Пренатрупаниот тоалет не изгледа добро, а знаеме дека огромна е веројатноста дека вашите гости ќе го посетат во текот на престојот кај вас.
Работи кои го уништуваат изгледот на вашиот тоалет и од кои треба да се ослободите:
Пакувања на стапчиња за уши оставени на видик
Не се привлечни за око и треба да се складирани во некое плакарче.

Преголем и пренападен килим
Прави вашиот тоалет да изгледа мало и натрупано.

Стари и излитени пешкири

Натрупани полици кои даваат хаотичен изглед

Сад за цврст сапун кој е најчесто нечист
Заменете го со сад за течен сапун, кој ќе си го дополнувате.

Средства за чистење
Крпите и средствата за чистење дефинитивно не треба да се на видик.

Накит оставен на лавабото
Изгледа несредено, плус може да се оштети од влагата.

Празни шишиња
Сѐ што е испразнето треба веднаш да се фрли.

Стара козметика
Шминките што не ги користите треба да ги фрлите затоа што и онака ќе им помине рокот.
