Мобилен телефон што се мие со сапун и не се крши при пад

Телефонот, прв од ваков вид, ќе има антибактериски систем, кој ќе се бори против ширењето на бактериите благодарение на сребрените јони вградени во материјалите од кои е направен.Иако ваквите јони не ги неутрализираат бактериите или вирусите, вклучувајќи го и коронавирусот, тие го запираат ширењето и размножувањето на патогените микроорганизми

Направен е од компанијата „Булит“ со седиште во Редингтон, а наречен е „Кет С42“..Производителите додаваат дека уредот е целосно водоотпорен и дека треба редовно да се мие со сапун и вода, средства за дезинфекција, па дури и белило, за да се одржува чист.

Уште еден интересен факт за овој телефон што треба да зе појави на пазарот во почетокот на 2021 година. Мобилниоте изработен од стакло и не’рѓосувачки челик и  не бил оштетен дури ни по пад од висина од 1,8 метар, а по тестовите на него не биле забележани траги од нечистотија.

Слични Вести
Menu