Живееме во свет на технологијата и дигитализацијата и кога-тогаш ќе мора да се приспособиме. Половина од сите вработени во светот до 2025 година мора да стекнат нови вештини за да не ги „прегази“ времето, предупредува Светскиот економски форум Форумот проценува дека до 2025 година 85 милиони работни места може да претрпат промена поради поделбата на работата меѓу луѓето и машините. Преквалификацијата најмногу ќе им биде потребна на работниците од потрошувачката индустрија и здравството и здравствената заштита.
Но, добрата вест е што може да се појават и други работни места што повеќе ќе одговараат на оваа нова поделба на работата помеѓу луѓето, машините и алгоритмите.
Ова се топ-вештините што ќе бидат исклучително барани во наредните 5 години:
1. Аналитичко размислување и иновација
2. Активно учење и усвојување стратегија
3. Комплексно решавање проблеми
4. Критичка рефлексија и анализа
5. Креативност, оригиналност, иницијатива
6. Лидерство и социјално влијание
7. Разбирање на технологијата, следење, контрола
8. Дизајн и програмирање
9. Отпорност, толеранција на стрес и флексибилност
10. Рационализирање