Шведската култура има многу обичаи за релаксација и уживање. Еден таков обичај е лордагсгодис (lördagsgodis), што се преведува како „саботни слатки“.
Станува збор за обичај за јадење слатки во текот на викендот додека уживате во домот. Традицијата започнала во 50-тите години како проект на владата со цел да се намали појавата на кариес кај децата.Така, слатките се забранувале во текот на работната недела и се јаделе само за викендите.

Не е јасно дали идејата била ефикасна, односно дали со иницијативата се намалила потрошувачката на слатки во Шведска, но се создала традиција, Јадењето слатки е посебно бидејќи се практикува само во сабота – тоа е нешто што се очекува во текот на неделата.