„Ситуација – депресија“ – Знаци дека пандемијата ви ја предизвикува оваа состојба

Како да се изборите со депресијата предизвикана од пандемијата со корона вирусот? Како да ја препознаете, за да може да ја надминете?

situacija-depresija-5-znaci-deka-pandemijata-ve-napravi-depresivni-001.jpg

Депресијата не е искуство кое бргу се заборава, се преболува или исчезнува само по себе.

За многумина тоа е состојба на умот која се повторува и трае предолго. За други, депресијата може да се појавува повремено, односно да исчезнува зависно од околностите или да се појавува на кратко.

Ова последното сега се нарекува „ситуациска депресија.“

Ситуациската депресија се поврзува со трауматично случување или промена, како што е сега ситуацијата со пандемијата и сите пропратни стресови – болест, смрт на сакана личност, нестабилно опкружување, губење на работата…

Како да утврдите дали и вие патите од овој вид на депресија?

Најчести се овие симптоми:

1. Промени на личноста

Сосема е нормално да се промените со оглед на тоа што светот околу нас драстично е поинаков. Иако е тешко да си признаете на себе и на другите, сепак ако блиските ви кажуваат дека драстично сте се промениле, нема потреба од негодување.

2. Промени на расположение

Тука спаѓаат разните промени на однесувањето, кои се поврзани со ситуацијата во која сите се наоѓаме. Промена на апетитот и навиките во секојдневието, лошиот или прекумерен сон, социјалната изолација, губењето на нерви и енергија – сето ова е знак за ситуациската депресија.

3. Симптомите на депресија се јавуваат периодично

Односно, повремено, предизвикани од одредени случувања, како на пример кога ќе слушнете голема количина на лоши вести. Оваа состојба не трае постојано.

4. Тешко се фокусирате

Ова се однесува како на работата, така и на саканите личности и семејството.

5. Траењето на симптомите е кратко

Главната разлика е тоа што кај оваа депресивна состојба, траењето на симптомите е кратко, за разлика од класичната депресија.

Оваа состојба обично завршува набрзо откако ќе заврши и ситуацијата која ја предизвикала депресијата.

Фото: www.freepik.com

You might also like
Menu