Орландо Блум по грешка скршил шампањ – И славните имаат трема при запросување

Орландо Блум скршил шише шампањ додека го вадел прстенот за Кети, Џорџ Клуни клечел половина час чекајќи одговор од Амал, а Канје Вест најмил цел стадион за да ја запроси Ким.

orlando-blum-po-greshka-skrshil-shampanj-i-slavnite-imaat-trema-pri-zaprosuvanje-01.jpg

Венчавките на славните се огромни и гламурозни, па веројатно нормално е и запросувањата да бидат такви. Но, повеќето од нив сметаат дека ова е многу интимен момент, па многумина ги запросиле своите сакани на тивко и мирно место.

Се разбира, постојат и оние кои сакаат да привлечат многу внимание – како Канје Вест.

Во продолжение погледнете ги приказните за запросувањето на некои од најпознатите парови:

Џорџ и Амал Клуни

Актерот ја запросил Амал дома, откако направил романтична вечера, но и цела плејлиста со песни за тој момент. Кога Амал го видела прстенот, останала без збор скоро половина час. Во интервју за CBS актерот ја сподели приказната, на шега изјавувајќи:

„Тогаш имав 53 години и ѝ реков ’Клечам веќе 28 минути и мора да ми одговориш побрзо бидејќи ќе си го изместам колкот. Можеби нема да можам да станам“.

За среќа, Амал се согласи, и парот се венчаше во Венеција во 2014.

na-dzhon-ledzhend-nishto-ne-mu-odelo-po-plan-slatki-prikazni-za-zaprosuvanje-na-slavnite-02.jpg

Метју Меконахи и Камила Алвес

Во едно интервју, актерот откри што се случувало кога ја запросил Камила, со која денес има и три деца:

„Беше некаде околу Божиќ и отворавме подароци. Го ставив вереничкиот прстен во осум кутии, за Камила да мора да се помачи. Бидејќи бевме повеќе луѓе и ги отворавме подароците еден по еден, Камила ја прескокнавме 15 пати дури да го отвори подарокот.

Кога ме праша зошто не може да го отвори подарокот, ѝ реков дека треба да чека до крај. На крај, застанав до неа, го собрав семејството, клекнав на едно колено и реков: ’Дали ќе се омажиш за мене?‘“.

Актерот вели дека Камила размислувала неколку минути, но на крај се согласила, па тие се венчаа во јуни 2012.

na-dzhon-ledzhend-nishto-ne-mu-odelo-po-plan-slatki-prikazni-za-zaprosuvanje-na-slavnite-03.jpg

Криси Тајген и Џон Леџенд

Кога Џон сакал да ја запроси Криси, ништо не му одело по план. Парот бил на одмор на Малдивите и најпрво имале проблеми со обезбедувањето – бидејќи му го отвориле куферот на Џон каде што стоел прстенот, за малку ќе му го уништеле изненадувањето.

Кога се качиле во авионот, пак, тие почнале да се расправаат за нешто.

Кога конечно дошол моментот за запросување, Криси била преморена и со лошо расположение. Но, кога Џон го извадил прстенот и Криси сфатила што се случува, веднаш се расположила и прифатила.

na-dzhon-ledzhend-nishto-ne-mu-odelo-po-plan-slatki-prikazni-za-zaprosuvanje-na-slavnite-04.jpg

Ким Кардашијан и Канје Вест

Канје навистина се потрудил да ја импресионира Ким со запросувањето. Тој ја запроси среде стадион во Сан Франциско, додека цел оркестар ја свирел „Young and Beautiful“ од Лана Дел Реј. Канје организирал и огномети, а на огромните екрани на стадионот беа испишани зборовите „Те молам омажи се за мене“.

Од целиот настан има и снимка која беше прикажана на Keeping Up With the Kardashians.

Орландо Блум и Кети Пери

Орландо најпрво организирал интимна вечера, а потоа возење со хеликоптер, а Кети Пери раскажа што се случило:

„Смешно е затоа што имавме шампањ во хеликоптерот, а кутијата со прстенот беше во неговиот џеб, заедно со порака за мене. Додека ја читав пораката, само слушнав како се крши шишето шампањ – тој се обидуваше да ја извади кутијата со прстенот, а притоа си го скина џебот и го удри шишето со лактот. На крај, слетавме во Лос Анџелес, таму беа моите пријатели и семејството. Навистина беше прекрасно“.

na-dzhon-ledzhend-nishto-ne-mu-odelo-po-plan-slatki-prikazni-za-zaprosuvanje-na-slavnite-06.jpg

Идрис Елба и Сабрина Елба

Идрис сакал да ја запроси Сабрина на Денот на вљубените, но нештата не оделе по план, па морал да ја запроси порано.

„Беше два дена пред Денот на вљубените, а во џебот ми тежеше прстенот за Сабрина. На Денот на вљубените таа требаше да оди некаде, па ми стана јасно дека нема да ја видам. Тој период снимав филм и Сабрина дојде да ме посети на сетот. Ја познаваше целата екипа.

Бидејќи беше затворен сет и бевме малку луѓе, клекнав на колено. Бев многу нервозен. Ова требаше да биде интимен момент и не очекував веста да допре до британските, американските или јапонските медиуми“, има изјавено актерот.

na-dzhon-ledzhend-nishto-ne-mu-odelo-po-plan-slatki-prikazni-za-zaprosuvanje-na-slavnite-07.jpg

Вил Смит и Џејда Пинкет Смит

Запросувањето на Вил не било ништо спектакуларно, а не било ни планирано, но можеби тоа го прави посебно.

„Лежевме во креветот, подготвени за спиење. Ја погледнав Џејда и ѝ реков: ’Мислам дека би биле одлична брачна двојка. Зарем не? Сакаш да се омажиш за мене?‘ Не планирав ништо. Немав прстен. Но таа ми рече да“.

na-dzhon-ledzhend-nishto-ne-mu-odelo-po-plan-slatki-prikazni-za-zaprosuvanje-na-slavnite-08.jpg

Џо Манганиело и Софија Вергара

Џо се обидел да ја запроси Софија на шпански:

„Подготвив цел говор на шпански. Последното нешто што сакате да го направите е да промашите со шпанскиот додека запросувате жена од Колумбија. Имате само една шанса да го направите тоа, па треба да го направите правилно. Затоа имаше многу планирање“.

Изгледа актерот добро се подготвил, бидејќи Софија веднаш прифатила.

na-dzhon-ledzhend-nishto-ne-mu-odelo-po-plan-slatki-prikazni-za-zaprosuvanje-na-slavnite-09.jpg
You might also like
Menu