4 филмски и „бапски“ приказни кои слободно може да ги игнорирате во текот на бременоста

Веќе ја поминавте бременоста или пак во моментов чекате бебе? Сигурно забележавте дека луѓето сакаат да споделуваат многу совети, иако најчесто никој не го бара тоа од нив. Иако се добронамерни, некои совети честопати се бескорисни и невистинити.

Cetiri-bapski-prikazni-vo-bremenosta-01.jpgфото: pixabay.com

Прочитајте ги најчестите „бапски приказни“ кои можете да ги игнорирате:

Невообичаени желби и копнежи што некој ќе ви ги исполни среде ноќ

Можно е во текот на бременоста да ви се јави желба која е несвојствена за вас. Најчесто станува збор за некој вид на храна што би можела да ги задоволи вашите сетила.

Шансите, како во филмовите, да го принудите вашиот партнер да ви купи нешто чудно среде ноќ што апсолутно никаде не може да се најде се многу мали. Ниту вие ќе бидете толку бесчувствителни, ниту пак некој толку многу ќе ве разгалува.

Секако, има исклучоци и знае да се случи ова и во реалноста, но не со толку голема зачестеност како во филмовите или бабините приказни.

Обликот на стомакот го открива полот на бебето

Некои луѓе веднаш ќе ви кажат дека носите момче затоа што вашиот труднички стомак е многу ниско спуштен или дека носите девојче ако е многу високо кренат.

Но, вистината е дека обликот на вашиот стомак се одредува според мускулниот тонус, позицијата на вашето бебе и големината на матката. Покрај тоа, кон самиот крај на бременоста, вашиот стомак ќе се спушта сè пониско и пониско.

Не правете опасни движења со телото

„Не треба да ги кревате рацете високо над главата, да ги допирате прстите или, всушност, да направите некакви движења што можат да му наштетат на вашето бебе и да ја заплеткаат папочната врвца околу вратот на бебето“.

Не, се разбира дека ова не е вистина. Се разбира дека не треба да правите ризични движења, но ништо од овој тип на мали движења не може да предизвика вакво нешто. Бебето е одговорно за заплеткување со папочната врвка во зависност од тоа колку се движи во стомакот. 

Избегнувајте мачки

Нема причина зошто не би можеле да си поиграте или да го гушнете вашето маче во текот на бременоста (се разбира, освен доколку сте алергични!)

Сепак, би било добра идеја да го избегнете чистењето на кутијата со песок каде што мачката ги врши своите физиолошки потреби. Оваа задача слободно препуштете му ја партнерот.

You might also like
Menu