Како да ги препознаете знаците на ослабениот имунитет?

Имунитетот е прва и вистинска бариера која спречува болестите да навлезат во нашето тело. Како да препознаете дека таа бариера ви е на прагот на слабоста?

kako-da-gi-prepoznaete-znacite-na-oslabeniot-imunitet-03.jpg

Во време кога постојано се зборува за јакнење на имунолошкиот систем, важно е да знаете да препознаете кога тој е исклучително слаб.

Ова се знаците со кои телото ве предупредува дека нешто не е во ред со имунитетот:

1. Имате постојано ладни раце.

2. Имате нередовна столица и проблеми со дигестивниот тракт повеќе од 2 недели.

3. Очите ви се суви, чувствувате пецкање и болка при трепкање.

4. Чувствувате постојан замор.

5. Температурата ви е покачена на 37 степени и тоа трае неколку денови.

6. Главоболките се почести и посилни од вообичаено.

7. Забележувате промени на кожата во облик на исфрлања.

kako-da-gi-prepoznaete-znacite-na-oslabeniot-imunitet-02.jpg

8. Чувствувате болки во коските и зглобовите.

9. Забележувате опаѓање на косата.

10. Често сте настинати, пропратени со компликации кои си налагаат антибиотици.

11. Чувствителни сте на сонце, дури и на најслабите зраци.

12. Трнење во екстремитетите.

13. Имате потешкотии при голтањето.

14. Нагло губење или накачување на килограми, без промена во исхраната.

15. Бели дамки по кожата.

kako-da-gi-prepoznaete-znacite-na-oslabeniot-imunitet-01.jpg

Следете ги сигналите кои телото ви ги праќа, редовно правете лекарски контроли, бидејќи само така може да спречите сериозни болести.

Фото: freepik.com

Слични Вести
Menu