Ќе замине ли Трамп доброволно, или ќе биде исфрлен од Белата куќа. Монтирано видео како со сила го изнесуваат од Овалната соба е најсмешното на интернет во моментов

Традиционално во САД на денот по црковната служба, идниот претседател и потпретседател пристигнуваат во Белата куќа, се состануваат со своите претходници и пијат чај. Наспроти традицијата, досегашниот претседател  Доналд Трамп ,како што јави Си-Ен-Ен ,не сака доброволно да ја напушти Белата куќа на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден.

Трамп им порачал на неколкумина свои советници дека на инаугурацијата на Бајден, тој ќе одбие да ја напушти Белата куќа самоволно и ќе мора да биде принуден со сила да замине по скалите. Некои официјални лица се загрижени за таа изјава, но не веруваат дека Трамп ќе го направи тоа.

На социјалните мрежи, меѓу кои е и Парлер на која се преселиле поддржувачите на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп, се зборува за тоа дека Трамп во знак на протест треба да одбие да ја напушти Белата куќа. Тие пак, кои едвај чекаат да замине, во одговор на таквата идеја на поддржувачите на Трамп споделиле клипче кое многу брзо стана вирално. Трамповите противници клипчето го нарекле „генијално“, „забавно“ и „најсмешно клипче на интернет“, а на монтираниот клип се гледа како Трамп во фотелја зборува за „украдените избори“, а неколку луѓе едноставно го изнесуваат од Овалната соба.

Слични Вести
Menu