Рајан Каји од Тексас, има само 9 девет години, а веќе од својата 6-та година, односно три години по ред заработува огромни суми. Минатата година беше прогласен за најплатен јутјубер според Форбс. Заработил 29,5 милиони долари, како и дополнителни 200 милиони долари од играчките и облеката Ryan’s World (Светот на Рајан), како и пижамата Marks & Spencer.
Рајан потпишал и договор за сопствена телевизиска серија на детска телевизија. Момчето живее во Тексас со родителите и сестрите близначки и вообичаено на својот јутјуб канал објавува едно видео на ден.Неговите видеа редовно добиваат милионски прегледи.

Но сега Каји и неговото семејство се соочуваат со закана за истрага од американската Федерална трговска комисија бидејќи спонзорите во видеозаписите не биле правилно објавени.„Скоро 9 проценти од видеозаписите вклучуваат барем една препорака на производот што се плаќа за претшколски деца, група премлада за разликување на реклама од рецензија“, се наведува во приговорот на потрошувачкото надзорно тело, Truth In Advertising, кои исто така наведуваат дека овие огласи често прикажувале нездрава храна.