Во подрумот откриле тајна просторија со богатство

Расчистувајќи во подрумот, едно семејство случајно открило тајна просторија под куќата полна со вредни предмети, вклучувајќи и први изданија на популарни книги. Лин Витфилд , ќерката на сопствениците на куќата со скриената просторија, направила видео од внатрешноста на тајната соба, која преку ноќ стана вирално и прегледано повеќе од 2 милиони пати. Тајната соба содржела стари книги, записи и заклучени ковчези.

Илјадници луѓе во коментарите ја молеле Лин за повеќе детали. Во коментарите, тие исто така го молат семејството да носат ракавици додека ги допираат вредните книги. Некои дури испратиле предупредување.

„Ако научив нешто од Evil Dead, ако најдеш скриена просторија, не читај книги гласно во неа, не во 2020 година“, „Девојче, не читај на глас, што ако има фрлено магија или нешто слично“, напишаа тие.

Бројни колекционери на книги се исто така воодушевени од ова откритие.

“Рудник на злато. Постојат колекционери кои би платиле цело богатство за некои од овие книги”, “Се согласувам. Го видов Хемингвеј, многу сум љубоморен”, “Овие книги може да бидат екстремно скапи и ретки, затоа бидете внимателни со нив”, “Најдете сигурна и стручна помош за проценка на книгите “, се само некои од коментарите.

 

https://www.tiktok.com/foryou?referer_url=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2F&referer_video_id=6874397013761379589&lang=en

Слични Вести
Menu