Брачен пар решил да ја продаде својата куќа, но сите потенцијални купци, не се задржувале во куќата подолго од две минути, Кој и да дошол ,веднаш си заминувал откако ќе ја видел внатрешноста на куќата. И тоа не заради некакви наводни духови или други страшни и нереални приказни, туку заради бојата во која била уредена куќата. Имено, целата куќа била во виолетова боја, и покрај тоа што мебелот бил релативно нов и убав, посетителите ведннаш добивале чувство на гушење, клаустрофобија и нагон веднаш да излезат. На сопствениците очигледно тоа не им пречело, или биле навикнати, кој знае, но потоа сфатиле дека сите потенцијални купувачи реагираат слично и биле убедени дека претеруваат. Некој сигурно претерувал, но за тоа одлучете сами.


