Изминатите три месеци се невообичаени за Антартикот, соопшти Националниот сеизмолошки центар на Универзитетот во Чиле. Научниците велат дека се регистрирани мали земјотреси и посилни од 6 степени во теснецот Брансфилд, премин широк 100 километри помеѓу островите Јужен Шетланд и Антарктичкиот полуостров. Повеќето сеизмички активности се концентрирани на крајот од септември, со повеќе од илјада земјотреси на ден.Земјотресите станале толку чести што самиот теснец, кој некогаш се ширел со брзина од 7 или 8 милиметри годишно, сега се шири со 15 сантиметри годишно, се додава од центарот.„Ова е дваесет пати поголемо, што укажува на тоа дека токму оваа минута Јужните Шетландски Острови се одвојуваат побрзо од Антарктичкиот полуостров“, велат од наведениот Цеентар.

Оваа појава на снежниот континент ги заинтригира научниците од целиот свет. Полуостровот е едно од местата со најбрзо затоплување на Земјата, а научниците внимателно го следат влијанието на климатските промени врз неговите глечери и санти мраз. Научниците најмногу се интересираат колку овие сеизмички активности ќе имаат влијание врз стабилноста на поларниот леден погрив.