Денес ќе имаме можност да го погледнеме доближувањето на Сатурн и Јупитер на ноќното небо – феномен познат и како „Божиќна ѕвезда“, а планетите ќе се доближат толку многу, што за нас ќе изгледаат како да се поклопени. Уште подобро е што настанот ќе биде видлив и со голо око.

Денес, 21-ви декември 2020, Сатурн и Јупитер ќе се доближат толку многу на небото што ќе изгледаат како едно небесно тело. Ова е настан што се случува еднаш во неколку векови, па не е ни чудно што љубителите на астрономија ширум светот со нетрпение го очекуваат.
фото: NASA
Се разбира, Јупитер и Сатурн нема да бидат една до друга во Сончевиот систем, но денес Земјата е позиционирана на тој начин, што нам ќе ни изгледаат како една ѕвезда. Во моментот на „поклопувањето“, Сатурн всушност ќе се наоѓа околу 733 милиони километри зад Јупитер.
фото: The Planetary Society
Планетите во Сончевиот систем постојано се „разминуваат“ едни со други, а Јупитер и Сатурн изгледаат како да се „поклопуваат“ еднаш на секои 20 години. Но, денешниот настан е посебен бидејќи планетите не биле толку блиску една до друга речиси 400 години. Истовремено, ова „поклопување“ не се случило навечер дури 800 години.https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2F51189044844%2Fvideos%2F207924880823059&width=500&height=500&show_text=true&appId
Уште поинтересно во целата ситуација е што денес е и зимска краткодневица – ова деноноќие денот е најкраток, а ноќта најдолга во текот на цела година.
„Поклопувањето“ ќе се гледа и од кај нас, на северозпадното небо, и ќе биде видливо во периодот од 16:30 до 18 часот. Ако сте во Скопје, поклопувањето ќе се гледа над Крстот на Водно.
фото: NASA
Бидејќи планетите ќе бидат доволно сјајни, ќе можете да го набљудувате настанот и со голо око или двоглед. Ако имате добар телескоп, уште подобро.
фото: The Planetary Society
После 21-ви декември планетите ќе почнат да се оддалечуваат и повторно ќе се доближат една до друга дури во 2080-та година.
Ако не сте во можност да го гледате настанот, можете да следите пренос во живо на видеото во продолжение:
Фотки од Сатурн и Јупитер објавени на EarthSky





