9-годишниот Рајан Каџи е најплатениот јутјубер трета година по ред – заработил 30 милиони

Годинава 9-годишниот Рајан Каџи заработил 30 милиони долари од неговиот YouTube канал и, трета година по ред, Forbes го прогласи за најплатениот јутубер.

9-godishniot-rajan-kadzhi-treta-godina-po-red-e-najplateniot-jutjuber-so-zarabotka-od-30-milioni-dolari01.jpg

Сигурно сте слушнале за Рајан Каџи – 9-годишното дете кое заработува милиони благодарение на неговиот YouTube канал. Годинава, Рајан заработил речиси 30 милиони, па трета година по ред е прогласен за најплатениот јутубер од страна на Forbes.

9-godishniot-rajan-kadzhi-treta-godina-po-red-e-najplateniot-jutjuber-so-zarabotka-od-30-milioni-dolari-02.jpg

Малото момче од Тексас снима видеа со рецензии за секакви играчки, а покрај заработката од каналот Ryan’s World, од Forbes споделуваат дека заработил уште неколку милиони од неговиот бренд играчки, но и дека потпишал милионски договор со Nickelodeon за негова телевизиска серија.

9-godishniot-rajan-kadzhi-treta-godina-po-red-e-najplateniot-jutjuber-so-zarabotka-od-30-milioni-dolari-03.jpg
9-godishniot-rajan-kadzhi-treta-godina-po-red-e-najplateniot-jutjuber-so-zarabotka-od-30-milioni-dolari-05.jpg

Рајан, кој веќе го нарекуваат „дете инфлуенсер“, првпат почна со правење видеа за YouTube во 2015-та година. Наводно, тој ја добил идејата за свој канал откако изгледал неколку видеа со рецензии за играчки. Денес неговиот канал го следат 41.7 милиони корисници, а неговите видеа се прегледани над 12 милијарди пати.

9-godishniot-rajan-kadzhi-treta-godina-po-red-e-najplateniot-jutjuber-so-zarabotka-od-30-milioni-dolari-04.jpg

Неговото најпознато видео, кое можете да го погледнете во продолжение, има над 2 милијарди прегледи и е едно од 60-те најгледани видеа на YouTube.

Forbes ја објави листата за најплатени јутубери на 18-ти декември, а второто место, веднаш после Рајан, му припадна на јутберот Џими Доналдсон кој заработил околу 24 милиони. На третото место, со заработка од 23 милиони, е каналот Dude Perfect, кој го водат пет пријатели.

10-те YouTube канали со најголема заработка за 2020

1. Ryan’s World на Рајан Каџи – 29,5 милиони

2. Mr. Beast на Џими Доналдсон – 24 милиони

3. Dude Perfect, канал што го водат пет пријатели – 23 милиони

4. Good Mythical Morning на Рет Џејмс и Чарлс Линколн – 20 милиони

5. Markiplier на Марк Фишбах – 19,5 милиони

6. Preston на Престон Арсемент – 19 милиони

7. Like Nastya на Анастасија Раџинскаја – 18,5 милиони

8. Blippi – Educational Videos for Kids на Стевин Џон – 17 милиони

9. David Dobrik на Дејвид Добрик – 16 милиони

10. jeffreestar на Џефри Лин – 15 милиони

You might also like
Menu