И на 62 години Мадона нема проблем да позира во разголено издание. Овојпат ја покажа големата лузна на колкот.

Мадона и на 62 години нема проблем да се фотографира во разголено издание. Таа на Инстаграм Стори објави фотографија на која е облечена во црна долна облека и ја покажува лузната од операцијата на колкот.
Поп дивата ја санираше повредата на колкот, која ја мачеше со месеци, а ѝ направи проблеми и на нејзината „Madame X“ светска турнеја.
Таа својата лузна ја нарекува убава, а по нозете има и лузни од третман за закрепнување.


Неодамна нејзината 24-годишна ќерка Лурдес Леон, која е позната по тоа што не ги бричи пазувите, позираше во провокативна фотосесија за долна облека за брендот Juicy Couture.

