Една цигара по оброк е еднаква на 10 испушени цигари

Силната желба за цигара и поривот за пушење после јадење е нешто со кое можат да се поистоветат повеќето пушачи. Често веднаш палат цигара затоа што мислат дека така побрзо ќе се свари храната, но научниците не ја поддржуваат таа нивна теорија.
Бројни истражувања покажале дека пушењето после јадењето е 10 пати полошо од „нормалното“. Поточно, една испушена цигара после јадење има дејство како да сте испушиле 10.

Имено, цигарата посебно ги иритира цревата, но и остатокот од дигестивниот систем кој тогаш влијае на целото тело. Никотинот од цигарата се врзува со кислородот во крвта затоа што после јадењето, кога дигестивниот систем работи со полна пареа, полесно се апсорбира.


Поради тоа, пушењето после јадење може да предизвика цела низа тешки проблеми во дигестивниот систем, од иритација до посериозни болести. Луѓето кои боледуваат од улцерозен колитис и синдром на иритабилно дебело црево, би требало да го избегнуваат пушењето во широк круг, а оние кои се пушачи задолжително би требало да се откажат од цигара после јадење, затоа што тоа пушењето дополнително ги влошува симптомите на нивните болести и го отежнува варењето на храната. Затоа, пушачите после оброкот треба да почекаат минимум половина час пред да запалат цигара.

You might also like
Menu