Бришачите за шофершајните, монополот, повик на чекање и слично се изуми на жена

Жените смислиле многу нешта што секојдневно ги користиме, дури и нешта кои првенствено се наменети за машката популација, а ова се некои од нив.

1. Бришачите за шофершајбните ги измислила Мери Андерсон

Мери Андерсон имала значителен придонес за автомобилскиот свет со измислувањето на бришачите. Таа не возела, но при една посета на Њујорк се возела во трамвај на снежно време и забележала дека возачот морал постојано да излегува надвор за да ја чисти шофершајбната. Нормално, тоа значело и подолго возење, па Андерсон си помислила – што ако има некаков вид сечило кое би можело да ја брише шофершајбната без возачот да излегува надвор. Како резултат на тоа, таа создала направа која оперирала со рачка и можела да се користи од страна на возачите. Направата била патентирана во 1903 година.

На почетокот луѓето биле скептични за користењето и мислеле дека може да му го одвлечат вниманието на шоферот. Компаниите не биле многу заинтересирани за вложување, но на крајот бришачите станале стандардни во сите возила.

Андерсон никогаш не добила пари за нејзиниот изум. Ѝ била оддадена почит во 2011 година, кога била воведена во Халата на славните изумители.


2. Геобонд, огноотпорен материјал измислен од Патрисија Билингс

Патриша Билингс е скулпторка, изумителка и бизнисменка која го измислила геобонд, градежен материјал кој е огноотпорен и речиси неуништив.

Билингс учела уметност, а во 70-тите години една скулптура ѝ паднала и се скршила, па таа почнала да експериментира во подрумот. Осум години подоцна таа создала адитив кој кога ќе се измеша со гипс и цемент, создава многу цврст, нетоксичен и огноотпорен малтер.

3. Бет Нисмит Грејам го создала коректорот

Како што електричните машини за пишување почнале да се користат масовно по Втората светска војна, Бет и безброј други секретарки имале голем проблем – додека новите машини го олеснувале пишувањето, поправањето на грешките било отежнато. Бет сакала решение за проблемот и го нашла гледајќи сликари кои ги декорирале прозорците на банката. Сликарите ги покривале сите несовршености со дополнителен слој. Грејам ја ископирала нивната техника користејќи бела боја за да ги покрие грешките. Наскоро имала многу барања за нешто што го нарекла „Мистејк аут“ и почнала да работи полно работно време за да го создаде и спакува коректорот. Бет продолжила да ја подобрува формулата и во 1958 го преименувала производот во „Ликвид пејпер“.


4. Елизабет Филипс ја смислила играта „Монопол“

Елизабет била американски дизајнер на игри, писателка и феминистка. Претходникот на „Монопол“ – играта „Лендлорд Гејм“ била создадена од страна на Елизабет за да се илустрираат доктрините на прогресивниот економист Хенри Џорџ. При создавањето на играта намерата била фокусирање на сите неправдини што резултираат од неконтролираниот капитализам.

5. Изолацијата на матични клетки била смислена од Ен Цукамото
Цукамото е истражувач на матични клетки и додека работела во „Системикс“ на почетокот на 90-тите години, таа била дел од тим кој имал значително откритие во истражување на рак кога изолирале крвни матични клетки.

6. Ширли Ен Џексон ги смислила повикот на чекање и идентификацијата на повик

Ширли Ен Џексон е американска физичарка, првата Афроамериканка која докторирала на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) и втората Афроамериканка во САД што докторирала во полето на физиката.

Таа е изумителот на повикот на чекање и идентификацијата на повикот.

Извор: Interesting Engineering

You might also like
Menu