Синоќешното „поклопување“ на Сатурн и Јупитер – „Божиќната ѕвезда“ низ фотографии

Вчера, 21 декември, Сатурн и Јупитер се приближија толку многу што изгледаа како да се преклопени на ноќното небо, како едно небесно тело – настан што се нема случено цели 800 години. Иако времето генерално беше облачно, некои луѓе успеале и да го фотографираат настанот.

sinokjeshnoto-poklopuvanje-na-saturn-i-jupiter-bozhikjnata-dzvezda-niz-fotografii-01.jpg

Феноменот познат како „Божиќна ѕвезда“ беше видлив и од кај нас, но поради облачното време во повеќето места низ Македонија, немавме најдобри услови за набљудување.

Сепак, некои луѓе успеале не само да сведочат на настанот, туку и да направат интересни фотографии, секако со помош на добра опрема.

Од Скопско астрономско друштво споделија неверојатна фотографија, направена од астрономот аматер Дамиан Пич. Фотографијата е направена во Чиле и одлично се гледаат Јупитер, Сатурн па дури и прстените на Сатурн.

sinokjeshnoto-poklopuvanje-na-saturn-i-jupiter-bozhikjnata-dzvezda-niz-fotografii-02.jpgфото: Facebook

Интересни фотографии беа објавени и во Facebook групата Патувања низ Македонија, а и во коментарите неколку корисници споделиле фотографии од „поклопувањето“.

sinokjeshnoto-poklopuvanje-na-saturn-i-jupiter-bozhikjnata-dzvezda-niz-fotografii-03.jpgфото: Facebook

sinokjeshnoto-poklopuvanje-na-saturn-i-jupiter-bozhikjnata-dzvezda-niz-fotografii-04.jpgфото: Facebook

sinokjeshnoto-poklopuvanje-na-saturn-i-jupiter-bozhikjnata-dzvezda-niz-fotografii-05.jpg

You might also like
Menu