Се сеќавате ли на „страшната“ жена со гулаби од вториот дел на Home Alone? Денес таа има 75 години и ги разнежни срцата на фановите на филмот со срцепарателната изјава, откако стана хит во британските медиуми заради сличноста со водител од утринска емисија.

Во време на пандемија сите ја чувствуваат осаменоста и недостатокот од дружба со саканите луѓе, полна куќа со најблиските и топли прегратки.
Посебно ја чувствуваат самотијата оние кои живеат сами во периодот на празниците кои секогаш сме ги поминувале со најблиските.
По тој повод, Бренда Фрикер, актерката позната по улогата во божиќниот филм Сам Дома, како жената со гулабите, даде изјава која допира до многу срца.

„Добро ми оди, се држам како сите останати. Сега имам 75 години и би лажела ако кажам дека ова ќе биде среќен Божиќ, бидејќи сум стара и живеам сама. Знае да биде многу мрачно.
Го исклучувам телефонот и спуштам ролетни. Си ги снимам добрите програми на ТВ, си го имам моето куче и така ги поминувам деновите.“ – изјавила таа во едно интервју за тоа како ќе ги помине празниците.
Таа додава дека за Нова Година ќе ѝ биде уште потешко:
„Ѕвоната ѕвонат насекаде, а нема кај кого да се свртиш, да му се насмевнеш и да го прегрнеш. Не можам да избегам од ѕвоната, има цркви насекаде.“

Во изминатиот период британските медиуми повторно се сетија на неа, откако неодамна, водителот од емисијата Good Morning Britain, Пирс Морган, се пошегува на своја сметка за неговата сличност со „жената со гулабите“.
Тој на шега мораше да негира дека тој не ја глуми жената со гулабите, а потоа му „извадија“ доказ од стара снимка со гулаби: