„Првата љубов е многу токсична“ – 3 години по Џастин Бибер, Селена Гомез уште не е подготвена за врска

Селена Гомез и Џастин Бибер се разделија во март 2018-та и иако поминаа речиси три години оттогаш, младата пејачка не е подготвена за сериозна врска и сега сака да се фокусира на менталното здравје.

prvata-ljubov-e-mnogu-toksichna-rechisi-3-godini-posle-dzhastin-selena-gomez-ushte-ne-e-podgotvena-za-vrska-01.jpg

Иако последниве неколку месеци се појавија гласини дека Селена се гледа со NBA кошаркарот Џими Батлер, извори блиски до пејачката тврдат дека тие не се во врска. Тие биле на неколку состаноци, но Селена уште не е подготвена да се впушти во сериозна врска

„Селена сака да се дружи со Џими, но сака да ѝ бидат отворени опциите за други момчиња. Сака да оди на состаноци, но сака да биде и сингл. Не брза за ништо. Моментално се фокусира на она што ја прави среќна, а не на нејзиниот љубовен статус“, сподели изворот за светските медиуми.

prvata-ljubov-e-mnogu-toksichna-rechisi-3-godini-posle-dzhastin-selena-gomez-ushte-ne-e-podgotvena-za-vrska-02.jpg

Порано годинава и самата пејачка изјави дека не е подготвена за сериозна врска, но ако треба да избира партнер, сака тоа да биде личност која е забавна и која ќе ја насмее.

Претходната сериозна врска на Селена беше навистина бурна, па не е ни чудно што пејачката уште не е подготвена за нешто слично. Таа ја почна врската со Џастин Бибер уште во 2011-та, неколкупати се разделуваа и се смируваа, за во март 2018-та и официјално да ѝ стават крај на врската.

Во тој период, кога беа разделени со Џастин, Селена беше и со The Weekend речиси цела година, пред да се разделат во 2017-та.

prvata-ljubov-e-mnogu-toksichna-rechisi-3-godini-posle-dzhastin-selena-gomez-ushte-ne-e-podgotvena-za-vrska-03.jpg
prvata-ljubov-e-mnogu-toksichna-rechisi-3-godini-posle-dzhastin-selena-gomez-ushte-ne-e-podgotvena-za-vrska-04.jpg

Сега на пејачката очигледно ѝ е „преку глава“ од љубовни драми, па изјави:

„Сингл сум и ми одговара тоа. Има многу добри нешта што можат да ти се случат кога си сингл на моја возраст и треба само да научиш да уживаш во нив“.

prvata-ljubov-e-mnogu-toksichna-rechisi-3-godini-posle-dzhastin-selena-gomez-ushte-ne-e-podgotvena-za-vrska-05.jpg

Селена смета и дека претходно била многу мала за да може да биде во сериозна врска:

„Тогаш бев во фаза од животот кога првпат ја искусив љубовта, а сметам дека тоа искуство може да биде токсично. Кога првпат ќе се вљубите, станувате зависни од таа личност и сте убедени дека тоа е љубов, кога всушност станува збор за некаква опсесија. И, си мислите дека љубовта треба да изгледа така – многу расправии, недорзбирања и сите слични нешта. Долго време верував во ова“, изјави таа за врската со Џастин.

prvata-ljubov-e-mnogu-toksichna-rechisi-3-godini-posle-dzhastin-selena-gomez-ushte-ne-e-podgotvena-za-vrska-06.jpg

Голем проблем за Селена претставувало и целото внимание од јавноста кое имало многу негативни последици врз нејзиниот љубовен живот.

„И тоа не само во врските, туку за секое приватно нешто кое не сакам да биде во окото на јавноста. Но, сакала или не, морав да се навикнам“.

Сега, наместо да се грижи за нејзиниот љубовен статус, Селена се фокусира на менталното здравје.

„Грижата за менталното здравје е постојан процес – тоа е нешто што постојано го правам. Терапијата ми помогна многу. Исто така постојат лекови, оддалечување од негативните луѓе, правење пауза од социјалните мрежи – сите овие нешта можат да помогнат“.

Но, сето ова не значи дека пејачката се откажала од љубовта:

„Не сакам да станам огорчена поради моето искуство. Верувам дека љубовта постои и со задоволство ќе чекам да се појави кога ќе биде време за тоа“.

prvata-ljubov-e-mnogu-toksichna-rechisi-3-godini-posle-dzhastin-selena-gomez-ushte-ne-e-podgotvena-za-vrska-08.jpg
You might also like
Menu