На свадбата на татко ѝ тинејџерка ја расплака маќеата: „Ти си ми една од најдобрите работи во животот“

„Идејата за маќеа ми беше неприфатлива сѐ додека не дојде Бет во мојот живот. Тоа што ја добив Бет е една од најдобрите работи што ми се случиле некогаш“, вели 15-годишната Алекс низ солзи.

na-svadbata-na-tatko-i-tinejdjerka-ja-rasplaka-makjeata-ti-si-mi-edna-od-najdobrite-raboti-vo-zhivotot-01.jpg

Тинејџерка со емотивниот говор за својата маќеа на денот кога таа се венчаваше со нејзиниот татко, стана вирален хит на TikTok.

15-годишната Алекс посвети прекрасни емотивни зборови за новата избраничка на нејзиниот татко на нивната свадба во декември 2019 во Њујорк.

Видеото дури една година подоцна стана вирален хит, откако камерманот на нивната свадба го сподели на TikTok.

Прегледано е милиони пати и дефинитивно ја ежи кожата.

„Идејата за маќеа ми беше неприфатлива сѐ додека не дојде Бет во мојот живот. Но, сега кога таа е тука, никогаш не сум била посреќна и повозбудена што имам така совршена маќеа како Бет.

Вообичаено, да се има разведени родители е тешко. Но, Бет направи тоа да вреди. Тоа што ја добив Бет во мојот живот е една од најдобрите работи што ми се случиле некогаш“, гласи дел од емотивниот говор на расплаканата Алекс.

Таа ги доведе до солзи и татко ѝ и својата маќеа Бет.

Погледнете ја оваа емотивна сцена:

You might also like
Menu