Божик ширум светот годинава благодарение на Корона вирусот, се слави на поинаков начин од порано. Традицијата, сепак, не се менува толку често. Иако има бесконечен број, колку што има луѓе и држави, некои традиции се мошне необични.
Таква е традицијата во Шведска каде сите гледаат како на националната телевизија Божикниот водител пали свеќа на и го најавува цртаниот филм на Дизни „Пајо Патор и неговите пријатели ви честитаат Божиќ“.
Оваа традиција трае многу долго, од 1958 година, кога цртаниот филм бил прв пат емитуван.
Цртаниот филм со Пајо Патор, кој е омилен херој на Дизни во Шведска, е мешавина од инсерти со разни ликови на Дизни, како што се Пепелашка, Фердинанд бикот, Мики Маус и многу други познати херои од цртаните филмови.
Редоследот на инсертите скоро никогаш не се сменил и кога во 1982 година, наместо бикот на Фердинанд, бил пуштен инсерт со Грдото пајче, тоа предизвикало масовни протести низ цела Шведска. Сè се смирило следната година, кога Фердинанд бил вратен на малите екрани.