Божикната честитка на Меган, Хари и Арчи го воодушеви светот

Иако војводата и војвотката од Сасекс се повлекоа од службените должности како дел од кралското семејство, и двајцата зачуваа една празнична традиција, додавајќи ѝ свој печат.

Принцот Хари и Меган Маркл ја споделија својата Божиќна честитка за 2020 година. За разлика од традиционалните фотографии што другите членови на кралското семејство ги користат во оваа пригода, картичката на Меган и Хари е уметничка илустрација

. Портпарол на парот изјави: „Оригиналната фотографија од семејството е направена во нивниот дом на почетокот на овој месец од мајката на војвотката“.На сликата, Меган Маркл и принцот Хари се во друштво на нивниот возрасен 18-месечен син Арчи и нивните кучиња, Гај и Пула, пред мала куќа во нивниот двор во Монтесито.„Малата новогодишна елка, вклучувајќи домашни украси и други детали, беа избрани од Арчи, а дрвото ќе се сади по празниците“, рекоа тие.

Оваа честитка познатиот пар ја сподели на твитер, а можете да ја погледате на следниот линк

Слични Вести
Menu