Сте го слушнале ова веројатно многупати – студот користи за нашето здраве. Бенефитите од прошетките во природа се толку големи, што кога ќе прочитате, ќе сфатите веднаш дека почесто треба да излегувате на прошетка

.
Нашиот мозок работи подобро
Докажано е дека под високи температури, луѓето многу помалку веројатно донесуваат поголеми, посложени одлуки.
Топлото време ги исцрпува нашите резерви на гликоза побрзо, и како што користиме глукоза во менталните процеси, нејзиниот недостаток влијае на нашата способност да носиме одлуки.
Поради почист воздух, дишеме подобро
Есента и зимата значат збогум на слабиот квалитет на воздухот и високите нивоа на кислород вообичаени во пролетните и летните месеци. Поради свежиот, чист воздух, овој период од годината е идеален за престој во природа, долги прошетки и длабоко дишење.
Студот го стимулира согорувањето на калориите во кафеавото масно ткиво
Кафеавото масно ткиво произведува топлина и согорува маснотии, а кај бебињата служи за регулирање на телесната температура. Кај возрасните, кафеавото масно ткиво се наоѓа во помали количини.
Имаме повеќе енергија
Сакате да пукате од енергија? Изложеноста на ниски температури, како што е одење на студ, ќе ве наполни со енергија и ќе бидете енергични со часови откако ќе се вратите на топлината.
За студот да има таков ефект, не мора да бидете изложени на него долго време. Кратко време ќе биде доволно – затоа одете на брза прошетка.
Спиеме подобро
Луѓето кои страдаат од несоница имаат повисока телесна температура, па затоа спиењето во малку ладна просторија, на идеална температура од 16 до 20 степени Целзиусови, ќе им помогне на оние кои страдаат од несоница подобро да спијат, како и на сите други.
Студот го намалува воспалението и инфекциите
Воспалението на мускулите често се ублажува со ставање мраз на отеченото и болно место. И ниските температури на воздухот го имаат истиот ефект.
Останувањето надвор нè прави поотпорни. Тоа е затоа што бројот на клетки кои се борат против инфекциите всушност се зголемува кога сме на студ.