Оваа година, без оглед на тоа што нема да можете да ги поминете празниците со вашите пријатели и блиски, би било одлично да ги израдувате со подароци подготвени со љубов и од срце. Нема поубаво чувство од тоа да видите насмевка на лицето на луѓето кои ги сакате.

Доколку имате недостиг на идеи, ова се некои од нашите предлози кои би му дошле добро секому во празничните денови и би „извојувале“ вистинска шопинг победа – а вие и вашите блиски ќе добиете совршено релаксирана атмосфера во домот:
1. Удобни пижами и чорапи за уживање во празничните денови во домашна атмосфера.
фото: pixabay
2. Меко ќебе кое ќе му се најде секому за топли прегратки.
фото: pixabay
3. Пакетче со божиќни колачиња комбинирани со топли пијалаци (какао, чај, салеп).
фото: pixabay
4. За љубителите на вино – пакетче со вкусни сирења и сувомеснати во комбинација со добро вино.
фото: pexels
5. Празнични шолји во пар.
фото: pixabay
6. За најмалите – дрвена куќичка за безгрижни денови поминати во игра.
фото: Инстаграм, KidsHut
7. Сапунчиња и купки со неодолив мирис за релаксација во бањата.
фото: pixabay
8. Книга – одличен подарок и за возрасните, но и за дечињата.
фото: pixabay
9. Сложувалки, џенга и останати друштвени игри во кои ќе ужива целото семејство.
фото: depositphotos.com
10. Празнични џемпери.
фото: pexels