Клои Кардашијан повторно со дијамантски прстен – дали се точни гласините за венчавка со Тристан Томпсон?

И покрај бројните неверства, Клои Кардашијан му даде уште една шанса на Тристан Томпсон, а неодамна се поајви со голем дијамантски прстен за кој многумина се убедени дека е веренички.

kloi-kardashijan-so-dijamantski-prsten-dali-se-podgotvuva-za-venchavka-so-tristan-tompson01.jpg

Иако изворите тврдат дека Клои Кардашијан не е свршена со Тристан Томпсон, дијамантскиот прстен ги збунува сите. 36-годишната Клои беше излезена со ќерката Тру, а носеше и капче со Celtics – тимот во кој се префрли Тристан во ноември.

kloi-kardashijan-so-dijamantski-prsten-dali-se-podgotvuva-za-venchavka-so-tristan-tompson-06.jpg

Најмногу внимание во целата ситуација привлекува нејзиниот голем дијамантски прстен на левата рака.

kloi-kardashijan-so-dijamantski-prsten-dali-se-podgotvuva-za-venchavka-so-tristan-tompson-02.jpg
kloi-kardashijan-so-dijamantski-prsten-dali-se-podgotvuva-za-venchavka-so-tristan-tompson-03.jpg

Според изворите, Клои и Тристан не се верени и Клои само сака дијамантски прстени, па не значи дека овој е веренички.

kloi-kardashijan-so-dijamantski-prsten-dali-se-podgotvuva-za-venchavka-so-tristan-tompson-05.jpg

Тристан и Клои ја обновија врската, а бидејќи кошаркарот направи 2-годишен договор со Boston Celtics, тие ќе живеат и во Бостон, и во Лос Анџелес. Иако Тристан ја изневери Клои, и тоа неколкупати, изворите тврдат дека сега нивната врска е одлична.

„Сите пријатели на Клои навистина го сакат Тристан. Иако она што го направи е ужасно, знаат дека тој е добро момче, а Клои навистина се труди за врската да успее“, тврдат извори за светските медиуми.

Клои ја обнови врската со Тристан оваа година, и покрај огромниот скандал со неговите неверства од 2019-та. Тогаш се дозна дека Тристан ја изневерувал Клои со поранешната пријателка на Кајли – Џордин Вудс.

kloi-kardashijan-so-dijamantski-prsten-dali-se-podgotvuva-za-venchavka-so-tristan-tompson-08.jpg

Претходно, во 2018-та, Тристан ја изневери Клои со неколку жени, а приказната допре до јавноста само два дена пред таа да ја роди нивната ќерка Тру. Се појавија и многу фотографии кои беа цврст доказ дека Тристан навистина ја изневерувал својата партнерка додека била бремена.

kloi-kardashijan-so-dijamantski-prsten-dali-se-podgotvuva-za-venchavka-so-tristan-tompson-09.jpg

Тие не се разделија веднаш и Клои се обиде да ја спаси врската, но во февруари 2019-та Тристан бил фатен како се бакнува со Џордин. Според некои гласини, Тристан однел и две други жени во неговиот дом, и тоа за Денот на вљубените, без разлика што беше во врска со Клои.

И покрај сето ова, Клои сепак одлучила да му се врати, а ова не е првпат да се појават гласи за нивната свршувачка. На фотографиите од прославата на нејзиниот 36-ти роденден, најголемо внимание привлече дијамантскиот прстен на левата рака.

kloi-kardashijan-so-dijamantski-prsten-dali-se-podgotvuva-za-venchavka-so-tristan-tompson-10.jpg

Клои и Тристан првпат почнаа да се гледаат во 2016-та, откако таа се раздели со Ламар Одом. Тие живееја заедно, а во декември 2017 Клои соопшти дека е бремена.

Потоа почна низата скандали со неверствата на Томпсон и одреден период беа разделени, но сега не само што повторно се заедно, туку голема е веројатноста и да го направат следниот чекор. Според некои извори, тие веќе бараат и нов заеднички дом.

kloi-kardashijan-so-dijamantski-prsten-dali-se-podgotvuva-za-venchavka-so-tristan-tompson-11.jpg
You might also like
Menu