Дали „Нетфликс“ е новиот Холивуд?

Ова прашање се почесто се поставува, а одговорите најчесто се потврдни. Ерата на „Нетфликс“ донесе нов процес на снимање филмови кој им дава слобода на режисерите да создаваат содржини според своја идеја, а не идеја на продукциска куќа. Но, суштинскиот момент е дека фанатиците што порано трошеле пари на блокбастери, сега трошат на „Нетфликс“, и тој факт го продолжува развојот на компанијата. „Нетфликс“ на еден начин ја спасува филмската индустрија од фиксиран модел за кој постои опасност идните генерации на филмски љубители да не го ценат.

Веб-страницата на „Нетфликс“ според истражувањата го води пазарот на онлајн-стримингот со повеќе од 139 милиони претплатници, најмногу од сите слични компании што нудат услуги за стриминг и е достапна во над 190 земји во светот., што значи станува глобална ТВ-мрежа и тоа за само 20 тина години.

 Основана во 1997 година, „Нетфликс“ започна како компанија за изнајмување филмови што доставува дивидија по пошта до своите претплатници. Во 2008 година „Нетфликс“ ja пушти во употреба својата веб-страница и направи револуција во семрежно емитување преку интернет, правејќи ја една од најуспешните платформи за семрежно емитување (стриминг) денес.
Концептот на глобална мрежа или глобална публика е клучен за успехот на „Нетфликс“. Дел од процесот на брзата интернационализација на овие термини вклучувал додавање преводи и синхронизација на мноштво јазици, како и инвестирање во локално создадени извори на содржини за привлекување странски пазари. Во 2018 година „Нетфликс“ произвела оригинална содржина на 17 различни пазари.


Нетфликс“ масовно инвестираше во оригинална содржина со буџети поголеми од најпознатите производствени компании во Холивуд. Само во 2018 година „Нетфликс“ потроши меѓу 12 и 13 милијарди долари за оригинална  содржина.

За успехот на компанијата не придонесе само развојот на интернетот како глобална мрежа, туку и алгоритамот што се користи на страницата. Алгоритамот постојано учи за желбите на корисниците, создавајќи приспособено искуство со цел да одговара на секоја индивидуа. Штом нешто ќе се изгледа, веднаш се препорачува слична содржина што може да го интересира гледачот.

Слични Вести
Menu