Ова се само некои од чудните и апсурдни закони поврзани со сексот, а верувале или не многу земји имаат несфатливи одредби . Добро е да ги знаете, за да не ви се случи некаква непријатност.
На пример, ако во Лондон ве фатат како имате секс на мотор – може да завршите зад решетки. Забранет е и секс на една ноќ. Веруваме не знаевте дека дури во 28 американски држави е забранет орален секс. Не е наведено како полицијата прави проверка, но забраната постои во законите. Во Будимпешта сексот е дозволен само во темница, односно во Законот е наведено дека пред да имате секс треба да го изгаснете свелото. Најчуден е се чини законот во Уругвај каде ако мажот ја фати жена си како го изневерува, тогаш може да одбере два начина за казнување. Изборот е навистина тежок – може да ја убие својата жена и љубовникот или него да го кастрира, а неа да ѝ го исече носот.Тоа значи не обидувајте се во Уругвај да се приближите до жена која ви се допаѓа, а ако отидете во Кина имајте на ум дека не смеете да ги гледате жените во голи стапалата за да не ве казнат.

За разлика од овие закони кои главно се осудувани од пошироката јавност, голема дебата има за одредбите во Законот во Хаваи според кои забранет е секс помеѓу малолетници. Ако полицијата фати “на дело” двајца малолетници, родителите ќе мора да работат 3 години за државата затоа што воспитале слободоумен дечко/девојка.