Замрзнати езера, ирваси, хеви метал бендови, финска сауна и поларна светлина – се се тоа асоцијации на Финска. Оваа нордиска земја изобилува и со национални паркови – ги има дури 40! Тука е и славната покраина Лапонија. Сите вљубеници во патувањата се согласуваат дека е магична зема и претставува единствено доживување. И не само тоа. Ова е земја која е на врвот на сите светски рангирања. . Не е важно што се мери – среќа, креативност, одржливост, благосостојба на децата…Финска секогаш завршува како глобален лидер.



Ве носиме на мала виртуелна прошетка низ земјата која неколку години по ред беше прва и на листите за најпосакувани земји за посетa