Вонматерична бременост, рекорд за „најплатена актерка по минута“ – Факти за маестралната Никол Кидман

Препознатлива по својот разновиден кинематографски опсег, како и по својот гламурозен изглед, актерката Никол Мери Кидман со сигурност е миленичка на многу луѓе ширум светот, без разлика на нивната генерација.

Postavila-rekord-za-najplatena-akterka-po-minuta-fakti-za-maestralnata-Nikol-Kidman-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele 01 630x330.jpg

Поради нејзиниот специфичен австралиски акцент, многумина мислат дека таа е родена токму во Австралија, но сепак тоа не е точно.

Никол е родена во градот Хонолулу, Хаваи, во 1967 година.

Нејзините родители всушност живееле и биле од Австралија, но неколку години непосредно пред раѓањето на Никол се преселиле во Америка, поради тоа што нејзиниот татко таму започнал со своите студии.

На нејзини четири години, сите заедно се вратиле во Австралија и се населиле во Сиднеј – градот во кој Кидман ја поминала својата младост.

Уште на многу рана воздраст Никол започнала да се занимава со балет и токму таа страст ја одвела низ портите на Австралискиот младински театар и театарот Philip Street.

Postavila-rekord-za-najplatena-akterka-po-minuta-fakti-za-maestralnata-Nikol-Kidman-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele 02 630x400.jpg

Малата Никол вредно ја проучувала теоријата на театарот и неуморно го подобрувала својот вокал. Но, тинејџерските години на оваа светско позната ѕвезда не биле нималку лесни.

Одреден период, нејзината мајка страдала од рак на дојка, така што Никол морала да го напушти средното училиште и целосно да се посвети на семејната грижа.

Нејзино прво актерско дело е серијата Five Mile Creek и филмот Bush Christmas, во 1983 година.

Сепак, филмот Days of Thunder, во кој Никол глуми со Том Круз за неа се смета за навистина судбоносен.

Покрај фактот што овој филм ѝ донел огромна популарност, помеѓу двајцата маестрални актери избила силна романса, која во 1990 година била крунисана со венчавка.

Postavila-rekord-za-najplatena-akterka-po-minuta-fakti-za-maestralnata-Nikol-Kidman-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele 02 630x400 04 630x439.jpg

Поради вонматерична бременост, Никол го загубила нејзиното прво дете.

Ова болно и трауматично искуство ги натерало Кидман и Круз да посвојат две деца: ќерката Изабела Џејн (1992) и синот Конор Ентон (1995).

Никол Кидман и Том Круз се развеле во 2001 година, така што таа повторно запливува во брачните води неколку години подоцна, односно во 2006 година со сѐ уште законитиот сопруг, музичарот Кит Урбан, со кого има две ќерки.

Никол е добитничка на многу филмски награди, таа е амбасадор на добра волја, се залага за правата на жените и се бори против насилството врз жените ширум светот.

Бројката на нејзините досегашни филмски појавувања е навистина восхитувачка, а во 2020 година ќе ја запаметиме по извонредната улога во серијата The Undoing (Слом), која постигна огромна гледаност.

Во продолжение ви издвојуваме 10 факти за феноменалната Никол Кидман кои веројатно досега не сте ги знаеле:

1. Оваа актерка има постигнато рекорд кој гласи: „Најплатена актерка по минута“.

Поради овој горенаведен факт, Никол се наоѓа на листата на Гинисови рекорди.

Имено, за нејзината четириминутна реклама за парфемот Chanel No5 таа заработила вкупно 12 милиони долари, односно околу 3,17 милиони долари по минута.

Postavila-rekord-za-najplatena-akterka-po-minuta-fakti-za-maestralnata-Nikol-Kidman-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele  05 630x427.jpg

2. Никол обожава тантели и цветни дезени.

Мајката на Кидман отсекогаш сакала античка облека. Оваа античка облека таа ја наоѓала на пазарот за половни работи и секогаш ја облекувала својата ќерка Никол со овие автентични фустани.

3. Иако е родена како левак, таа научила да пишува и со десната рака за да може да го сними филмот The Hours.

„Научив да пишувам и со десната рака“, вели таа. „Луѓето ме гледаа чудно и велеа дека тоа е лудо, но јас сметав дека беше потребно“.

Postavila-rekord-za-najplatena-akterka-po-minuta-fakti-za-maestralnata-Nikol-Kidman-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele 06 630x315.jpg

4. Кидман има несекојдневна фобија наречена лепидоптерофобија, односно означува страв од пеперутки и молци.

Таа многупати има зборувано токму за надминувањето на своите стравови.

„Влегов во големиот кафез со пеперутки во Американскиот природно-научен музеј и целата бев „налепена“ со нив, но ни тоа не успеа. Скокам од авиони, можам да бидам опкружена со милион лебарки, правам секакви работи, но едноставно не ми се допаѓа чувството да имам пеперутки во моја близина“.

5. На снимањето на филмот With the Wind, Никол скршила ребро за да облече корсет со обем од 45 сантиметри.

Оваа професионална актерка повеќепати има докажано дека е спремна на многу работи, со цел доследно да ја изнесе својата улога.

Postavila-rekord-za-najplatena-akterka-po-minuta-fakti-za-maestralnata-Nikol-Kidman-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele  07 630x380.jpg

6. Во една прилика му го спасила животот на Хју Џекмен.

На снимањето на една од сцените за филмот Australia, Никол и Хју лежеле во вреќа за спиење, кога Никол забележала отровна скорпија на ногата на актерот.

Нејзината реакција? Таа тивко му шепнала на својот колега да не мрда, се наведнала, го зграбила животното со капа и го фрлила настрана, по што добила громогласен аплауз од целиот тим.

На прашањето на новинарите зошто едноставно не ја убила скорпијата, таа одговорила:

„Никогаш не би убила животно. Секое суштество има своја цел. На ова единствено не му беше местото на ногата на Хју“.

Postavila-rekord-za-najplatena-akterka-po-minuta-fakti-za-maestralnata-Nikol-Kidman-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele 08 630x355.jpg

7. Ја одбила улогата во филмот Mr. and Mrs. Smith, но филмот му го препорачала на Бред Пит

Всушност, Бред ја одбил истата улога откако Кидман го напуштила проектот, поради нејзиниот преполн распоред.

Сепак, актерот се предомислил кога слушнал дека улогата е прифатена од Анџелина Џоли.

8. Била верена со Лени Кравиц

Во едно од нејзините интервјуа, таа открива дека по разводот со Том, во 2007 година не само што била во врска, туку и била верена со Лени.

Postavila-rekord-za-najplatena-akterka-po-minuta-fakti-za-maestralnata-Nikol-Kidman-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele  09 630x420.jpg

9. Верувале или не, Никол за себеси вели дека е многу срамежлива.

„Не сум интровертна, но знам да бидам навистина срамежлива“, вели таа и на неколку наврати има изјавено дека по природа не е некој што се чувствува најудобно во секое опкружување, но се бори против тоа.

10. За да се подготви за улогата на филмот Birthday Girl, Кидман отишла во руската амбасада, со цел да го научи јазикот од жените вработени таму.

Како резултат на оваа несекојдневна одлука, таа се здоби со навистина позитивни критики околу нејзиното совладување на рускиот јазик, особено околу нејзиниот добар акцент.

Postavila-rekord-za-najplatena-akterka-po-minuta-fakti-za-maestralnata-Nikol-Kidman-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele  10 630x402.jpg
You might also like
Menu