„Што ќе каже историјата? Историјата, господине, ќе лаже како и обично“ – цитати за вистината и лагите

Познавате ли многу лажговци? Дали сте опкружени со луѓе што ја зборуваат вистината или со оние зависни од лажење до тој степен што повеќе не умеат да ја распознаат ниту сопствената лага од реалноста?

Citati-za-vistinata-i-lagite-01.jpg

Не сте единствените. Големите мислители, многу години пред нашето време, се изјасниле во врска со вистината и лагата низ нивните најдобри цитати:

„Зборувајте ја вистината дури и кога гласот ви се тресе“. – непознат автор

„Кога ќе пукне војната, прва умира вистината“. – Хирам В. Џонсон

„Најголемиот пријател на вистината е времето, најголемиот непријател – предрасудата, а нејзиниот постојан придружник е понизноста“. – Чарлс Кејлеб Колтон

„Има вистини кои не се за сите луѓе, ниту за сите времиња“. – Франсоа Волтер

„Подобро е да бидеш љубезен, отколку секогаш во право“. –  Ф. Скот Фицџералд

„Науката ни ја ветува вистината. Таа никогаш не ни ветува мир ниту среќа“. – Густав ле Бон

„До вистината може да дојдеме само тогаш кога ќе ни биде дадена слободата да грешиме“. – Махатма Ганди

„Кој лаже за тебе, ќе лаже и против тебе“. – Џон Лок

„Лагата е религијата на робовите и господарите. Вистината е Бог на слободниот човек“. – Максим Горки

„Најмногу се лаже во љубовта, ловот и предизборната кампања“. – Ото фон Бизмарк

„Ништо на светот не е потешко од искреноста и ништо не е полесно од ласкањето“. – Фјодор Достоевски

„Постојат три вида на лаги: лага, бесрамна лага и статистика“. – Бенџамин Дизраели

„Што ќе каже историјата? Историјата, господине, ќе лаже како и обично“. – Џорџ Бернард Шо

You might also like
Menu