Хакирање за 20 секунди, жените трчаат со штикли – Работи што секојпат го уништуваат филмот

Дали има некои работи во филмовите што веднаш ве тераат да ги замразите? Дали, на пример, ви пречи што повеќето љубовни приказни имаат речиси исто дејство? Можеби, пак, не ви се допаѓа што на хакерите им се потребни 20-тина секунди за да го пробијат и најдобро обезбедениот систем.

amerikancite-se-sekogash-dobri-zhenite-trchaat-so-shtikli-raboti-shto-sekojpat-go-unishtuvaat-filmot01.jpg

Постојат многу вакви работи кои се појавуваат во повеќето филмови, па на Reddit отвориле цел форум на таа тема. Овде, корисниците ги споделуваат клишеата од кои им е „преку глава“ и кои секојпат им го уништуваат филмот.

Во продолжение погледнете дел од најдобрите одговори:

„Мразам што постојано треба да го намалувам звукот поради неверојатно гласните акциони сцени, за потоа повторно да го појачувам кога има нормален дијалог бидејќи е премногу тивко“.

amerikancite-se-sekogash-dobri-zhenite-trchaat-so-shtikli-raboti-shto-sekojpat-go-unishtuvaat-filmot-02.jpg

„Непотребни секс сцени“.

„Кога трејлерот открива половина од дејството на филмот“.

„Ниските температури и снегoт не се воопшто важни. Како во Game of Thrones – никој не носи капа на Ѕидот. Ликовите никогаш не се соодветно облечени за времето“.

„Мразам кога на хакерите им требаат само 20 секунди за да пробијат и најдобро обезбеден систем“.

amerikancite-se-sekogash-dobri-zhenite-trchaat-so-shtikli-raboti-shto-sekojpat-go-unishtuvaat-filmot-04.jpg

„Кога ликовите велат: „Нема време за мене, спаси се ти“, а очигледно е дека има време. Уште полошо е што неколку минути се убедуваат само едниот да се спаси, а за тоа време сигурно ќе се спасеа и двајцата“.

amerikancite-se-sekogash-dobri-zhenite-trchaat-so-shtikli-raboti-shto-sekojpat-go-unishtuvaat-filmot-05.jpg

„Кога има експлозии без никаква причина – ако автомобилот се преврти, веднаш настанува експлозија“.

amerikancite-se-sekogash-dobri-zhenite-trchaat-so-shtikli-raboti-shto-sekojpat-go-unishtuvaat-filmot-06.jpg

„Жените носат штикли во акционите филмови, без проблем трчаат со нив и не ги соблекуваат ниту еднаш“.

„Мразам што секогаш Американците се добри, а Русите или кој било од некоја источна држава е негативец“.

amerikancite-se-sekogash-dobri-zhenite-trchaat-so-shtikli-raboti-shto-sekojpat-go-unishtuvaat-filmot-07.jpg

„Тинејџери кои се обидуваат да звучат кул. Ниту едно 15-годишно дете нема да почне да ѝ рецитира поезија од 18-иот век на девојката што му се допаѓа. Исто, веќе има премногу ликови кои се генијалци и експерти за сарказам, но без социјални вештини, како доктор Хаус“.

„Ги мразам клишеата во празничните филмови – жена која нема време за љубов си доаѓа дома за Божиќ. Запознава некое момче, но таа нема време да ужива во животот. Потоа ѝ умира родителот, па таа сфаќа дека да мора да ужива во животот и почнува врска со момчето“.

amerikancite-se-sekogash-dobri-zhenite-trchaat-so-shtikli-raboti-shto-sekojpat-go-unishtuvaat-filmot-08.jpg

„Кога има огромна и очигледна возрасна разлика помеѓу актерите, а во филмот глумат ликови на иста возраст“.

„Само 10 секунди пред да експлодира бомба, главниот лик го има целото време на светот, па ја бакнува неговата девојка, се зборува со неа и дури после оди да ја деактивира бомбата“.

amerikancite-se-sekogash-dobri-zhenite-trchaat-so-shtikli-raboti-shto-sekojpat-go-unishtuvaat-filmot-09.jpg
You might also like
Menu