5 навики поради кои на луѓето им делувате арогантно

Ако оставате впечаток на ладна, аргоантна личност и сите ви го кажуваат тоа, а себеси се сметате за топли, емотивни и пријателски настроени, можеби несвесно имате навики и грешки кои создаваат спротивен привид.

5-naviki-poradi-koi-na-lugjeto-im-deluvate-arogantno-001.jpg

Добро проверете се дали…

1. Не слушате како што треба

Ако често размислувате за нешто сосема трето додека луѓето ви зборуваат, големи се шансите да оставате впечаток дека ве интересира само вашиот свет, но не и туѓите проблеми или успеси.

2. Постојано ги коригирате другите

Ако некој прави нешто што не е по ваш вкус – секогаш тоа го кажувате гласно. Обидете се да бидете потолерантни, да премолчувате кога не се бара ваше мислење и да го отворите видикот – луѓето ќе ви бидат благодарни.

3. Ги гледате сите од високо

Буквално, носот ви е во облаци и луѓето така ве доживуваат. Истренирајте се да не гледате на работите „одозгора“ туку научете го говорот на телото кој ве прави пријатна личност.

4. Зборувате гласно и многу

Ако само вие се слушате во просторијата – време е да го стишите тонот и да ги бирате зборовите.

5. Се фалите

Сите советници за среќа проповедаат колку е важно да се сакате себеси. Но, тоа не значи постојано да се фалите како сте направиле нешто генијално.

Оставете делата да зборуваат, а вие само насмевнете се на пофалните зборови и бидете благодарни.

You might also like
Menu