Кајли Џенер ги израдува фановите со досега невидени фотки од бременоста која ја криеше до самиот крај, објави фотки и од Сторми кога била бебе, а го покажа и подарокот што го добила ќеркичката од Тревис Скот.

Деновиве Кајли Џенер се вклучи во интересен Инстаграм предизвик, за кој објавуваше фотографии по желба на фановите.
23-годишната милионерка сподели досега невидени фотографии од нејзината бременост, како и фотка од Сторми кога имала само една недела.


Фотографиите од бременоста се вистинска реткост за Кајли, најмногу бидејќи таа умешно ја криеше до самиот крај. Имено, фановите не ни знаеја дека Кајли е бремена, сè додека таа не сподели дека станала мајка.
Кајли сподели и слатка фотографија од неа и од Сторми, за која вели дека е направена на денот кога ѝ купиле нов кревет за поголеми деца.

На барање на фановите, Кајли сподели и фотка од Тревис Скот и малата Сторми, како и фотографија од неа кога била во основно училиште.


Кајли откри и дека за овој Божиќ, Тревис ѝ купил на Сторми кочија, речиси иста како онаа во Пепелашка.

