За силен имунитет и здравје: Направете си мед со ореви

Одамна знаеме дека медот и оревите содржат голема количина на важни витамини и минерали. Во комбинација заедно му годат одлично на човековиот организам.

za-silen-imunitet-i-zdravje-napravete-si-med-so-orevi-01.jpgфото: freepik.com

За да го подобрите работењето на внатрешните органи и имунитетот, но и кога сте подложни на емотивен стрес или имате тешка физичка работа, добро е да го консумирате.

Кога редовно јадете мед со ореви, во организмот се случува следното:

  • Се намалуваат главоболките.
  • Се нормализира работата на органите за варење на храната. Помага и при констипација.
  • Помага за побрзо опоравување по породување.
  • Медот и и оревите се незаменливи за женското здравје затоа што содржат супстанци кои го подобруваат дотокот на крв во органите кај карлицата, па со тоа го зголемуваат и либидото.
  • Кај мажите ја зголемуваат потенцијата.
  • За јакнење на имунитетот – ако сте настинати и имате воспалено грло и нос, побрзо ќе се ослободите од овие симптоми.
  • Ако патите од анемија – содржи железо, цинк, манган.
  • Медот и оревите го стабилизираат метаболизмот.
  • Се препорачува да ги јадете кога учите, работите нешто и ви е потребна подобра концентрација.
  • Оревите содржат состојки кои помагаат за ревматските болки.

Како да ја подготвите смесата од мед и ореви?

Помешајте 500g мед со 500g ореви и додадете еден исцеден лимон. Добро промешајте и ставете ги во стаклена тегла.

Консумирање:

За деца над 3 години се препорачува по една лажичка двапати на ден.

За возрасни: 1-2 лажици трипати дневно.

Слични Вести
Menu