Колку посниот мајонез,растително сирење и кашкавал се навистина посни?

На полиците во маркетите  се почесто можат да се најдат посно сирење, посен кашкавал, посна павлака, посен шлаг… но дека се посни – не се! Според тоа, ако се надевате дека навистина постите со тоа што ќе ги купите и конзумирате – во заблуда сте. Ако внимателно ја прочитате декларацијата, стои дека во производството на вакви производи се користат млечни ензими.

Технолозите потврдуваат дека не е можно да се добие сирење или кашкавал без ензими кои водат потекло од млекото. Голем број од потрошувачите ваквите производи ги сметаат за посни и ги користат во текот на постите и за подготовка на посни јадења, меѓутоа ако се види нивниот состав ќе се види дека во поголем дел од нив има казеинат, кој е млечен протеин,. Тие потврдуваат дека нема кашкавал кој не содржи ништо од млеко, но производителите дел од млечните масти ги заменуваат со растителни масти. Сирењето кое се добива од растителни масти е многу меко, па затоа производителите му додаваат протеин – казеинат кој е изваден од млекото. Овој протеин е добар стабилизатор и емулгатор и ја врзува водата од млекото и ја зацврстува структурата на производот. Затоа производите кои го содржат овој протеин не се посни.

Сирењето или кашкавалот не можат да се декларираат како растителни, бидејќи согласно Правилникот за барањата за квалитетот на суровото млеко, стандардите за квалитет на конзумното млеко, млечните производи и употребата на нивните називи, квалитетот на активноста на стартер културите, сирилата и други специфични материи, и начинот на нивна употреба, начинот на дополнително означување на млекото и млечните производи, како и дозволеното отстапување на тежината во однос на декларираната – таков производ не постои. Дозволено е таквите производи да се декларираат како растителен производ, но не и како сирење или кашкавал.
 

Слични Вести
Menu