Дебелината најчесто значи недостаток на љубов

Кога ќе дојде до промена на телесната тежина, и натрупување на килограмите, тоа не мора да значи дека имаме проблем со здравјето, туку дека имаме проблем со љубовта. Храната често станува замена за љубов.Поради тоа, и покрај вложените напори, само мал број луѓе успеваат да ослабат, бидејќи проблемите од психолошка природа остануваат нерешени

Недостатокот на љубов на неколку начини влијае да се зголемат килограмите. Разгледајте ги и размислете која причина е кај вас, доколку сакате да ја намалите килажата.

1.Блокирана потреба за љубов

Стравот од отфрлање, навиките и вкоренетите ставови, не ни дозволуваат да ги решиме проблемите, туку ги затрупуваме со храна.

2: Блокирана потреба за признание

Можете своите желби да ги занемарите целосно и слепо да го следите својот маж, прилагодувајќи се кон неговите желби: доцна вечера, секс кога тој ќе посака и тн. Сè за тебе драги, нема врска што не ме ни забележуваш!”Таквата подготвеност на жртва е преплавена со последици: заборавате на себе, ја блокирате потребата за внимание, за блискост, потребата за нормален начин на живот.

3: Сексуална дисхармонија

Како една од причините за појава на вишок килограми може да се смета и недостигот на секс. Доколку имате нередовен секс, тогаш се дебелеете полека, обично 2 до 3 килограми, претварајќи се во жена или маж кои не му се интересни на спротивниот пол.Ако постои потреба за секс и ако таа потреба не е задоволена, тогаш повторно доаѓа до дебелеење. Во недостиг на секс, се посегнува по храна за да дојде до емотивно задоволување на желбата.

4. Забрани од страна на партнерот или околината

Ако во нашиот живот постојат многу забрани и стравови, ако постојано се контролираме себеси поради страв да не се прифатиме себеси како друга личност, тогаш храната станува средство да заборавиме на дисциплина, контрола и обврски.Кога лицето тежнее да биде совршено, обидувајќи се да ги задоволи високите стандарди и барања, понекогаш храната се претвора во единствен излез.

Како да го решите проблемот:

1.Прво, признајте си себеси што чувствувате и кој проблем го имате. Ова е потешко отколку да се отвори чоколадото, но барем позитивно ќе влијае врз вашето здравје.

2.Почнете да ги слушате вашите чувства. Разговарајте со партнерот. Верувале или не, но разговорот може да ги реши проблемите.

3.Научете еднакво да се грижите еден за друг.

4.Сфатете дека никој не може да ви ги чита мислите. Тишината во врската доведува до огорчување и бес.

5.Преиспитајте го својот однос кон сексот – сексот не смее да биде должност, туку задоволство.

You might also like
Menu