Ера на паметни часовници

По паметните мобилни телефони, се повеќе привлечни се и во тренд и паметните часовници, па трговските марки и модни брендови почнаа да се натпреварувааат кој ќе лансира попаметен и полуксузен часовник.

Така брендот Louis Vuitton одлучи сериозно да влезе во светот на машките часовници и тоа не во класични, туку во паметни. Tambour Horizon, е пионер во овој нов сегмент на луксузниот бренд. Самиот механизам е заменет со АМОЛЕД екран, кој го придвижува Android Wear. Овој часовник става фокус на луѓето кои патуваат.

Има куќиште од 42мм на кое се наоѓа екран на допир. Има неколку можности на лица на екранот, кои ќе ви покажуваат многу работи кои ве интересираат, и има посебна верзија која ќе ви биде градски водич каде и да одите.

Има можност за WiFi  и компатибилен е со Андроид и iOS. Има bluetooth 4.1. Екранот е со резолуција 390х390 пиксели, а батеријата може да трае до 22 часа со нормално користење.

Слични Вести
Menu