Знаци на висока интелигенција кои не можат да се лажираат

Сите знаеме дека интелигенцијата не е секогаш поврзана со нивото на образование. Знаците за интелигенција можат веднаш да се препознаат, а психолозите постојано откриваат заеднички карактеристики на луѓето со висока интелигенција. Некои од овие знаци се на прв поглед чудни, но и научно се докажани како карактеристики на интелигентните луѓе. На пример  останувањето доцна навечер пцуењето и нивото на уредност и педантност се добар показател за нивото на интелигенција.

Ноќни птици

Останувањето до доцна навечер е еден атрибут на паметните луѓе како Обама, Винстон Черчил и Марсел Пруст. Студијата објавена во Psychology Today откри дека интелигентните деца, стануваат ,,ноќни птици” кога ќе пораснат. Друга студија откри дека, иако децата ранобудници се подобри на училиште, сепак оние кои не биле ранобудници како деца имале тенденција да бидат поуспешни во подоцнежниот живот.

Сиромашен речник

Идејата дека пцуењето е знак за ограничен речник или ниска интелигенција, беше поништена од страна на нова студија објавена во Language Sciences која има за цел да го демантира верувањето за ,,богатиот речник”. Всушност, студијата открила дека причината поради која некои луѓе пцујат повеќе од другите не е затоа што не можат да смислат друг збор. Низа на емоционални тестови и тестови за вокабулар утврдиле дека “флуентноста е флуентност”, а оние кои ги делеле емоционалните карактеристики на интелигентните луѓе, исто така, биле најслободни.

Инспиративен хаос

Лошиот ракопис е добро позната карактеристика на ителигентните луѓе, како на пример Алберт Ајнштајн. Сега паметните луѓе можат да го обвинат својот бистар ум за хаосот и нередот кој владее на нивните работни маси. Една студија направена од страна на Универзитетот во Минесота откри дека недостатокот на желбата да се чисти е знак дека мозокот на човекот е сконцентриран на други работи. Исто така, според оваа студија, неуредната околина е подобра за нечија креативност отколку уредната, која се смета дека ги спречува луѓето креативно да размислуваат.

Еве уште неколку неколку помалку очигледни знаци на висока интелигенција:

1.  Покажуваат голема емпатија кон другите луѓе.

2. Сфаќаат дека има многу работи што не ги знаат: „Знам дека не знам ништо!”

3. Буквално горат со љубопитност.

4. Не сте склони да се потценувате или преценувате.

5.Тие се експерт за сарказам и ненадејни импровизирани шеги.

6. Не им е досадно кога се сами. Избегнуваат непотребно дружење и зборување.

Слични Вести
Menu