Туѓото мислење? Не ми е важно, велите. А сепак ви е важно

Во постојаната потрага по докажувањето и постигнувањето на некои цели за кои ќе добиеме признание и поддршка, често се губиме во лавиринтот на докажување.Се трудиме да се вклопиме, да се допаднеме некому, да разубедиме или да промениме нечие мислење.Во таа борба најчесто единствените губитници сме самите ние. Најважно е да го живееме животот кој нас нè прави среќни без разлика што ќе кажат другите за тоа. Сите велиме дека не ни е важно што другите мислат за нас или некоја наша постапка, а сепак важно ни е, дури и да не сме свесни. Кога самите себеси ќе се фатите во тој лавиринт, сетете се на овие пораки за побрзо да се вратите на “вистинскиот пат”:

1. Очите на другите се наш затвор, а нивните мисли се наши кафези (Вирџинија Вулф)

2. Не си задолжен за да ги исполнуваш туѓите очекувања кога се работи за твојот начин на живот. Јас немам обврска да живеам како што другите очекуваат. Нивната грешка е во тоа што го очекувале, а не е моја затоа што не сум им ги исполнил очекувањата. (Ричард Фaјман)

3. Не ми е толку важно како ме гледаат другите колку што ми е важно како се гледам јас. (Мишел де Монтeњ)

4. Биди она што си и секогаш кажувај како се чувствуваш, бидејќи оние кои нема да ти замерат се оние кои треба да ти бидат важни, останатите се тотално небитни. (Д-р Сеус)

5. Твоето време е ограничено затоа немој да го поминуваш живеејќи туѓ живот. (Стив Џобс)

6. Некои луѓе се обидуваат да те убедат дека одиш по погрешен пат секогаш кога ќе тргнеш по својот пат. (Анџелина Џоли)

7. Ги оставам луѓето да мислат она што сакаат да веруваат. Ако толку им е грижа за тоа што правам, тоа значи дека веќе сум подобра од нив. (Мерилин Монро)

8. Ако се грижиш за она што го мислат другите за тебе, засекогаш ќе бидеш нивен роб. (Лао Це)

9. Не ја трошете својата енергија трудејќи се да се објасните некому или да му го промените мислењето. Правете го она што сакате и кога ќе успеете во тоа нивното мислење ќе се промени или нема. Не е важно. Правете го она што сакате и не мислете за тоа дали ќе се допаднете некому или не. (Тина Феј)

Слични Вести
Menu