Носталгија по новогодишната честитка – обична хартија, а толку драгоцена

Новата година последниве години сите ја честитаме со пораки на телефон или пак на некоја од социјалните мрежи. Една иста порака која ја испраќаш на сите пријатели од еднаш. Не онаа, вистинска, напишана рачно, со искрени желби, со посветено време. 

Но, чувството не е исто. Тоа го знаат сите ние кои добивале и испраќале хартиени  честитки. Ништо не може да  ја замени насмевката од радост и изненадување, дека некој се сетил на вас. Да купиш честитки за целото одделение, за најдобрите другари, за сите другарчиња од соседството и за сите роднини. 

На другарчињата од училиште честитката да им ја ставиш во книга, на другарите од соседството пред врата, да заѕвониш и да побегнеш или на роднините да им ја испратиш по пошта… 

Тоа беа честитки со најубави желби за Нова година. Колку беше убаво да си најдеш честитка пред врата. Колку беше исполнето срцето. Колку насмевки се измамуваа

Честитката е искреност, не толку многу поради зборовите, колку поради фактот дека некој во моментот кога купува мисли на вас и ја бира според чувството за вас…

Ви пренсеуваме неколку илустрации на новогодишни честитки да ве потсетиме на тоа време.
 

Father-Christmas-nature-scene-Christmas-animals,-Christmas-.jpg
Слични Вести
Menu