Џеј Ло повторно со чантата од крокодилска кожа – се подготвува за новогодишниот настап + видео од пробите

Џеј Ло уште еднаш беше „уловена“ со чантата од крокодилска кожа за која беше критикувана, додека оди на проба за настапот на ногодишна ноќ, а набрзо потоа ги израдува фановите и со видео од подготовките.

dzhej-lo-povtorno-so-chantata-od-krokodilska-kozha-se-podgotvuva-za-nastapot-za-novogodishnata-nokj-objavi-video-od-probite-01.jpg

Џеј Ло се подготвува за нејзиниот настап на новогодишната ноќ, а само неколку денови пред Нова година, папараците ја „уловија“ како оди на проба.

51-годишната ѕвезда беше облечена во бело од глава до пети, а комбинацијата ја дополнила со ташна од крокодилска кожа од брендот Hermes, поради која веќе беше мета на критики од страна на активистите за заштита на животните.

dzhej-lo-povtorno-so-chantata-od-krokodilska-kozha-se-podgotvuva-za-nastapot-za-novogodishnata-nokj-objavi-video-od-probite-02.jpg
dzhej-lo-povtorno-so-chantata-od-krokodilska-kozha-se-podgotvuva-za-nastapot-za-novogodishnata-nokj-objavi-video-od-probite-03.jpg

За новогодишната ноќ пејачката ќе настапува како дел од телевизиската програма Dick Clark’s New Year’s Rockin‘ Eve, која се емитува во живо секоја година во САД. Како дел од програмата е вклучен и пренос во живо од Тајмс Сквер во Њујорк, каде секоја година настапуваат и неколку артисти. Годинава публиката од дома ќе ја забавува Џеј Ло.

dzhej-lo-povtorno-so-chantata-od-krokodilska-kozha-se-podgotvuva-za-nastapot-za-novogodishnata-nokj-objavi-video-od-probite-04.jpg

Пејачката навистина работи напорно за настапот да биде совршен, а деновиве сподели и видео од нејзините проби. Во видеото се гледаат неколку инсерти од пробите и можеме да ја видиме Џеј Ло на сцената по тренерки, како се забавува со еден од гитаристите, а на кратко се појавува и нејзиниот партнер – Алекс Родригез.

dzhej-lo-povtorno-so-chantata-od-krokodilska-kozha-se-podgotvuva-za-nastapot-za-novogodishnata-nokj-objavi-video-od-probite-06.jpg
dzhej-lo-povtorno-so-chantata-od-krokodilska-kozha-se-podgotvuva-za-nastapot-za-novogodishnata-nokj-objavi-video-od-probite-07.jpg

„Голема најава: Ќе ја изведам In the Morning за првпат на New Year‘ Rockin‘ Eve! Сè започнува со проби. Кои песни би сакале да ги додадам на листата?“, пишува во описот на објавата.

You might also like
Menu