СМС пораки за Среќна Нова година (идеи)

Oвие денови никој од нас не штеди на убави мисли и желби. Сите испраќаме безброј смс пораки со желби за Новата година.Но најчесто во ваквите моменти исполнети со многу очекувања од годината што ни претстои, не знаеме да составиме ниту една реченица.За да не се најдете во таква ситуација, ние ви подготвивме неколку интересни пораки, со кои можете секому на кој што ќе посакате да му ја честитате новата година.

Ова се нашите новогодишни предлози:

„Пред календарот да означи Нова година, пред социјалните мрежи да се преплават со пораки, пред мобилните оператори да се „загушат“ од повици, дозволи ми да ти посакам прекрасна, просперитетна и бериќетна година.“

„Пречекај ја Новата година со широка насмевка, изживеј ја со љубов и испрати ја со успеси. Радоста и доброто здравје нека бидат трајни гости во твојот дом. Среќна Нова година!“

„За време на ова ново патување кое денес ќе го започнеш, нека небото те благослови, а ѕвездите ти го осветлат патот. Нека се реализираат сите твои соништа и соништата на твоите сакани. Нека Новата година биде година на триумфи, веселби и прослави.“

„Годината е нова, надежите се нови, целите се нови, но моите топли желби за среќа и просперитет остануваат исти за тебе и за целото твое семејство. Среќна Нова година!“

„Ајде да оставиме зад себе сè што не мораме да го поведеме во иднината – болката, тагата, стравовите и каењето. Животот е убав. Ти посакувам да летнеш со безгрижност и леснотија во ново патување кон блескави доживувања. Среќна Нова година!“

„Времето е како река, истата вода никогаш не поминува двапати под твоите нозе. Исто како реката, моментите никогаш не се враќаат, па цени го секој момент кој ти го подарува животот и имај ПРЕКРАСНА нова година!“

„Нека те опкружи надежта, нека те прегрне светлината. Раните нека избледнат, а твоето срце нека ги прегрне добрината, љубовта и мудроста. Искрена насмевка никогаш да не ги напушти твоите усни, а руменилото на здравјето – твоите образи. Нека сите твои желби станат реалност… Тоа е мојата новогодишна желба за тебе.“

Слични Вести
Menu