Колку вреди времето? Колку вреди една година, а колку 1 месец

Замислете дека имате сметка во банка, на која секое утро ти префлаат 86.400 евра. Меѓутоа, на сметката не се пренесува ништо од она што не било потрошено и не останува да се користи следниот ден.

Секое утро, банката го брише оној дел кој не си го потрошил претходниот ден.

Што би направиле ако го знаете ова? Би потрошиле се до цент нели?

Секој од Нас има таква сметка во банка. Нејзиното име е „ ВРЕМЕ “. Секое утро ти дава 86.400 секунди. Секоја вечер ти се отпишуваат сите оние нешта кои не си ги направил во текот на денот. Не се пренесува ништо од претходниот ден. Не дозволува пречекорување. Има своја вредност, а таа се вика : ВРЕМЕ.

За да ја сватиш вредноста на 1 година,

прашај студент кој паднал на последниот испит.

За да ја сватиш вредноста на 9 месеци,

прашај мајка која родила предвреме.

За да ја сватиш вредноста на 1 минута,

прашај некој кој го пропуштил авионот.

За да ја сватиш вредноста на 1 секунда,

прашај некој кој преживеал сообраќајка.

За да ја сфатиш вредноста на една мили микро секунда,

Прашај спортист кој на Олимпијада освоил сребрен медал.

Времето не чека никого, вреднувајте го секој момент што го имате

 во Новата 2021 година.

Ако не го искористите својот депозит, загубата е само ваша. Вложете го за да извлечете максимум ЗДРАВЈЕ… СРЕЌА и УСПЕХ…

Часовникот никогаш не застанува.

ЗАТОА ИСКОРИСТЕТЕ ГО СЕКОЈ ДЕН ОД НОВАТА ГОДИНА !!

Слични Вести
Menu