Модерните номади тврдат дека Алјаска е една од најубавите и најнеобичните земји за посета. Секој дел од Алјаска е толку различен и уникатен, со своја посебна убавина. Арктичкиот дел, е тотално различен од јужниот дел на Алјаска. Овде нема ниту дрва, ниту планини – тука е тундра од илјадници километри од едната страна и замрзнатиот Арктички океан од другата страна. Зимата трае 9 месеци, со ниски минусни температури.
Долниот дел од Алјаска изобилува со планини, реки, езера и многу густи зимзелени шуми со богат животински свет. Земјата е навистина уникатна и неспоредлива со ниту едно друго место на светов.
Во северниот дел, летните температури се од 0ºC до 10ºC степени, со тоа што се случува неколкупати да се качат до 20ºC. Во јужниот дел летните температури може да стигнат и до 30ºC. Летото е кратко, но за според локалнит жители е магично!Кога температурата е околу 0 ºC и сончево, сите деца се надвор, по кратки ракави и во летни обувки. Тие се навикнати и на зимските температури кои се спушттаат и до 40-от степен под нулата.
Но и туристите што ја посетиле и локалните жители тврдат дека е волшебно да се биде таму. Алјаска е прекрасно место за посета за одмор, посебно за фамилии со деца. Во лето, туризмот е доведен на ниво на совршенство. Туристичката понуда изобилува со многубројни рекреативни тури и активности.
Некои од овие понуди вклучуваат: планинарење, кампување, посета на многубројни глечери – авионски, со брод или со хеликоптер, тури со воз низ дивиот дел, каде што безброј пати ќе видите најразлични диви животни.
Еве мала прошетка по оваа земја на снегот



