Најчудните улици на светот

Ако мислите дека сте виделе чудни и „невообичаени“ решенија за дизајнирање улици, и за „регулирање на сообраќајот“ во светот, ова што ќе го прочитате ќе ве демантира. Ја надминува дури и фантазијата. Неколку најчудни улици на светот за кои не ќе верувате дека постојат.

Ломбардна улица, Сан Франциско

За да не биде улицата премногу стрмна и да се „омекне“ наклонот од 27 проценти, улицата Ломбард има осум кривини. Наклонот се намали на 16 проценти, а улицата стана највитканата во светот. Улицата е голема туристичка атракција, па неодамна се воведоа даноци за оние кои сакаат да возат по оваа улица.

9 јули Авенија, Аргентина

Оваа авенија била изградена со децении, а во 1980 година била прогласена за најширока улица во светот. За туристите кои го посетуваат Буенос Аирес и сакаат да посетат знаменитости како што се Обелиск, Театарот Колон или статуата на Дон Кихот, тие ќе треба да поминат три пешачки премини за да поминат само една улица, ширина околу 140 метри.

Слични Вести
Menu